Овој дел од женското тело старее најбрзо

Градите стареат најбрзо од сите делови на женското тело, а животниот стил игра голема улога во одржување на нивната младост.

Научниците потврдија дека ткивото во градите старее нешто побрзо од остатокот од телото.

„За да се бориме против стреењето, прво ни треба објективен начин тоа да се измери. Прецизното одредување на биомаркерот на биолошкиот часовник веќе четири години ни беше предизвик“, рекол Стив Хорват, професор по генетика на David Geffen School of Medicine при UCLA.

Со истражувањата било утврдено дека здравото ткиво на дојките е околу три години постаро од остатокот од телото. А ако жената има рак, здравото ткиво покрај туморот е во просек 12 години постаро од остатокот од телото.

Овие резултати може да објаснат зошто ракот на дојка е најчест облик на рак кај жените. Ткивото зафатено со тумор може да биде дури 36 пати постаро од здравото ткиво.

- Реклама -