Фиорентина му го нанесе првиот пораз на Јуве

Фиорентина за неверојатни 15 минути постигна 4 гола за пресврт и голема победа над Јуве, Интер одигра добар натпревар во Торино и пропушти да си замине со целиот плен.

Фиорентина го победи Јувентус со 4-2 во натпревар кој наговестуваше дека Старата Дама ќе ги освои трите бода, но мал блесок на домаќините и работите се променија.

Со головите на Тевез и Погба, Јувентус имаше предност од 2-0 по првите 45 минути.

Играта на теренот не даваше впечаток дека натпреварот би можел да заврши поинаку, но од 66. до 81. минута Фиорентина дури четири пати ја тресеше мрежата на Буфон.

Џузепе Роси беше ѕвездата на Виолетовите со хет-трик, Хоакин беше стрелец на еден погодок.

Интересен натпревар со шест погодоци одиграа Торино и Интер кој заврши без победник 3-3.

Интер остана со фудбалер помалку по само 5 минути игра можеби престрого беше исклучен Хандановиќ и судијата покажа на белата точка.

Черчи биеше од белата точка, резервниот голман на Интер, Каризо го одбрани неговиот удар.

Но во 21. минута Торино ја искористи бројчаната предност на теренот и преку Фарнеруд поведе со 1-0, пред крајот на првиот дел со гол на Гуарин Интер го изедначи резултатот.

По осум минути игра во второто полувреме Имобиле носи ново водство за Торино, но Интер преку Паласио веднаш изедначува.

Родриго Паласио во 71. минута постигнува нов погодок за Интер за комплетен пресврт и водство од 3-2, но Нероазурите не издржаа до крај, Беломо од слободен удар во 91. минута ги постави конечните 3-3.

Во останатите резултати Аталанта го победи Лацио со 2-1, со истиот резултат славеше Џенова над Киево, како и Сасуоло над Болоња.

Со 2-1 победи и Сампдорија на гостувањето кај Ливорно, со 3-2 славеше Верноа над Парма.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -