Откритие: Сите цицачи уринираат за 21 секунда

Неодамна, научниците дојдоа до „шокантно“ откритие – кај сите цицачи, уринирањето трае најмногу 21 секунда. И што е најинтересно, формата и големината на животното речиси и да нема удел во процесот. Научниците го нарекуваат „Закон на уринацијата“, а се однесува на степенот до кој цицачите еволуирале – да ги исфрлаат телесните флуиди на најбрзиот и најефикасниот начин што физиката го дозволува.

Патриша Јанг и колегите, користејќи „high-speed“ камера, ги снимале цицачите во зоолошката градина во Атланта, меѓу кои машки и женски стаорци, кучиња, кози, крави и слонови. Дел од резултатите е и следното видео:

[youtube]http://youtu.be/9jCoo6rooCM[/youtube]

Покрај примероците од зоолошката градина, тимот проучувал и Youtube видеа од процесот. Ова им овозможило да креираат математички модел, според кој, на цицачите им е потребно отприлика истото време за да ги испразнат бешиките, и покрај значајните разлики во големината и волуменот на мочните меури. Инаку, разликите во волуменот се движат од 100 милилитри до 100 литри.

New Scientist објаснува: Според овој модел, големината на животното влијае на времето потребно за уринирање, но речиси безначајно. Според „Законот за уринација“, времето потребно за празнење на бешиката е пропорционално со масата на животното, крената на 6-ти степен, што значи дека дури и големите разлики во масата имаат мал ефект на времетраењето.

Исклучоци од правилото постојат кај многу малите цицачи, како стаорците и лилјаците, кај кои гравитацијата има многу мала улога, па уринираат за помалку од секунда.

- Реклама -