Висококвалитетен и 100% природен чипс од домашни јаболки на пазарот пласираше македонската компанија Нутри – Груп.
Главна карактеристика на Примо чипсот од јаболко кој е сосема нов производ на нашиот пазар, е неговата исклучително здрава содржина. Чипсот од јаболка (дехидрираното јаболко) е богат со: јагленохидрати, пектини, целулозни влакна, калиум, витамин А, Б и Ц, и органски киселни како што се: јаболковата, лимоновата, мравјата и карбонската киселина.
Благодарение на големата количина на јагленохидрати, посебно на фруктоза и гликоза, чипсот од јаболка го снабдува организмот со енергија и го спречува заморот и губитокот на концентрација.
“Овој врвен производ е резултат на наше максимално залагање на македонскиот пазар да понудиме еден нов пред се посебно здрав производ кој ќе биде погоден и за деца и за возрасни. Производот е 100% македонски се произведува во нашата земја од домашни јаболки и 100 % здрав бидејќи концентрацијата на корисните материи во сушеното овошје е поголема отколку во свежите. Квалитетот и здравиот производ е наш најголем приоритет во моментот, велат претставниците на Нутри – Груп.
Примо чипсот од јаболко е одлична и трајно заменлива опција за нездравите грицки, а овој македонски производ љубителите на новите вкусови и здравата храна може да го најдат во големите маркети, аптеки и во сите специјализирани продавници за здрава исхрана.
Македонскиот чипс од јаболко во моментов се произведува во два вкуса, чиста јаболка и јаболка и цимет. Грицни здраво!