По повод дваесеттиот роденден, списанието Entretainment Weekly извади специјално издание во кое ги одбележува 100-те најголеми ликови во последните 2 децении, од телевизијата и филмот, одбрани според тоа кој имал најголемо влијание врз гледачите и развојот на поп културата.

Доколку критеруимот беше поинаков, на пример квалитетот на градбата на ликовите, оваа листа сосема сигурно ќе изгледаше далеку поразлично. Но, веројатно прашањето на победникот ќе останеше непроменето. Хомер Симпсон, кој со своето семејство се роди на Шоуто на Трејси Улман во 1987 година е идиотот кој не можете а да не го сакате. Во моментов, „Симпсонови“ е серијата која најдолго се емитува на телевизија (21 сезона, 464 епизоди). И иако Хомер, на почетокот бил концепиран како лик помошник за централниот бељаџија, Барт, многу бргу успеал да го „украде шоуто“ и да стане икона на модерното време. Влијанието му е толку големо што успеа неговата заштитна воздишка D’oh да ја вметне во Новиот оксфордски речник на англискиот јазик.
Првите десет ликови на листата се:
10. Сунѓерот Боб
9. Кери Бредшо од „Сексот и градот“
8. Ханибал Лектор од „Кога јагнињата ќе стивнат“
7. Едвард Раценожици
6. Рејчел Грин од „Пријатели“
5. Џокер од „Темниот витез“
4. Тони Сопрано од „Сопранови“
3. Бафи од „Бафи, скротувачката на вампири“
2. Хари Потер
1. Хомер Симпсон
Целата листа можете да ја погледнете тука.