10 знаци кои ќе ви покажат дека тој е заинтересиран за вас

Мажи и жени Не секому му оди со зборовите. Доколку од она што го говори мажот спроти вас не можете да препознаете дали сака да ви стане само пријател или уште полошо се обидува да ви продаде нешто, не се раководете единствено од зборовите – обрнете внимание на неговото однесување. Постојат сигурни знаци кои ќе ви кажат дали тој ве гледа како потенцијален романтичен партнер.


Не секому му оди со зборовите. Доколку од она што го говори мажот спроти вас не можете да препознаете дали сака да ви стане само пријател или уште полошо се обидува да ви продаде нешто, не се раководете единствено од зборовите – обрнете внимание на неговото однесување. Постојат сигурни знаци кои ќе ви кажат дали тој ве гледа како потенцијален романтичен партнер.

Тој и таа1. Покажува вистински интерес во она што имате да го кажете. Кога му зборувате, ќе воспостави контакт со очите и нема постојано да го проверува времето, како да сака што побргу да избега од вас. Ќе запомни нешто интересно што ќе кажете и ќе го спомне подоцна во разговорот, вклопено во некој негов разговор. 

2. Станува поотворен.
Ќе сподели лични информации кои обично не ги споделува, со цел што повеќе да ви се допадне.

3. Ќе си ја одбележи територијата.
Доколку го интересирате во романтична смисла, тој ќе ве одбележи (не како што тоа го прават кучињата, не грижете се). Ќе ве допре или прегрне кога ќе има некој друг маж во околината, а ако некој ви се доближи за да поразговара со вас, најверојатно ќе стане и ќе застане крај вас.

4. Ќе ви се јави.
И покрај клишето, доколку му се допаѓате, ќе ви се јави. Просто и едноставно.

5. Ќе ве провери.
Од сите извори кои му се на располагање, вклучително и вашите пријатели, ќе се обиде да дознае што е можно повеќе за вас – што сакате, што не, детали од минатото, стравови, желби, сонови… Сето ова е со цел да ве импресионира, зашто е полесно да се справите со „непријателот“ кога знаете сè за него.

6. Ќе флертува со вас.
Мажите стануваат чудни околу жените кои им се допаѓаат. Ќе играат игри со вас кои не се само флертување, туку и испитување на територијата. За секој следен потег се очекува и реципрочен чекор. Доколку му возвратите, ќе ја продолжи играта, доколку не, тогаш тоа ќе е тоа.

7. Секогаш планира однапред.
Ако навистина му се допаѓате, најмалку што ќе сака е да ве препушти на некој друг. Затоа, секогаш ќе го планира и следното излегување, дури и доколку уште не е завршено претходното.

8. Станува внимателен.
Знае што сакате и каде сака да одите. Ќе почне постојано позитивно да ве изненадува.

9. Ќе ги откачи другарите, за да помине вечер со вас.
Секогаш е тешка одлука дали да се одржи ветувањето кон другарите или да се посвети внимание на потенцијална врска која можеби и нема да се случи. Според тоа, секогаш е добар знак кога ќе се одлучи за вас.

10. Ќе стане несебичен.
Несебичноста може да се манифестира најразлично, од ситни нешта, до големи гестови. Ситни како на пример да ви ја држи косата откако сте испиле малку повеќе од што треба; или големи како тоа да се преправа дека ужива во некој поп-концерт (иако умира однатре) само затоа што вам тоа ви се допаѓа.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -