10-те „најзгодни“ играчи во НБА лигата

Секоја НБА сезона има свои најдобро платени и најскапо купени играчи. Но освен нив, суперѕвездите, има играчи кои не се во ниту една од двете категории, но се од огромно значење за тимовите во кои настапуваат. Судејќи по односот плата-учинок, слободно можат да се наречат како најповолните играчи во НБА. Следува листа од 10-те „најзгодни“ кошаркари во НБА:

10. Реј Ален, Мајами Хит – 3.2 милиони долари

Ален е платен само 3.2 милиони долари по сезона. Минатата година ја заврши со просек од 10.9 поенипонатпревар и е еден од најценетите играчи во таборот на Мајами.

ray(3)

9. Лери Сандерс, Милвоки Бакс – 3.05 милиони долари

Со оглед на фактот дека до 9-ти клас не играл кошарка, тој е вистинско чудо. Има просек од 9.8 поени, 1.2 асистенции и 2.8 блокади по натпревар.

larry(6)

8. Ник Колисон, Оклахома Сити Тандер –2.6 милиони долари

Има просек од 5.1 поени по натпревар. Важи и за играч што ја сработува „прљавата“ работа, а пофалбите од сите страни сведочат за тоа.

nick(2)

7. Кауи Ленард, Сан Антонио Спарс – 1.89 милиони долари

Минатата година го зголеми просекот од 7.9 на 11.9 поени по натпревар.

kawahi

6. Тобиас Херис, Орландо Меџик – 1.55 милиони долари

Во 2011-тата имаше просек од 17.3 поени по натпревар.

tobias

5. Андреј Блач, Бруклин Нетс – 1.4 милиони долари

Минатата година го намали просекот на 10.3 поени по натпревар.

andray

4. Ентоан Џејмисон, Лос Анџелес Клиперс – 1.4 милиони долари

Тој е ветеран со 15-годишна кариера. Бил член на 5 НБА тима. Во кариерата има просек од 18.8 поени по натпревар.

antwan

3. Маршон Брукс, Бостон Селтикс – 1.21 милиони долари

Резултатите му се влошија последната година, но надежите се високи дека оваа сезона ќе ја подобри статистиката, која во моментот е 5.4 поени по натпревар.

marson

2. Чендлер Парсонс, Хјустон Рокетс – 926.500 долари

Поради локаут-от игра една година во Франција. Минатата сезона имаше 15.5 поени по натпревар.

chandler

1. Дијон Блер, Далас Маверикс – 884.293 долари

Минатата сезона статистиката за него се влоши до 5.4 поени по натпревар, но се очекува значително да се подобри.

dejuan

- Реклама -