10-те најскапи часовници во светот

omega_deville_jewellery_watches.jpg Часовник е часовник, се носи за да ни го покажува времето.Но, за некои
луѓе, тој е многу повеќе од само “обична машина”. За сите љубители на
часовниците, а и на убавото и скапото, во продолжение-10те најскапи
часовници во светот.

Часовник е часовник, се носи за да ни го покажува времето.Но, за некои
луѓе, тој е многу повеќе од само “обична машина”. За сите љубители на
часовниците, а и на убавото и скапото, во продолжение-10те најскапи
часовници во светот.
   

  10. Zadora Timepieces

Производител: Andreas von Zadora-Gerlof
Цена: $150,000
Пчела со оксидиран паладиум.Пчелата е збогатена со црни и жолти дијаманти,смарагдни очи и барокен морски бисер во устата.

  9. Titanic Watches

Производител:Romain Jerome
Цена:$152,435
Шведски златар сега нуди часовници направени од трупот на “Титаник”.Металот е мешан со челик кој се користи за изградба на бродови,а црните детали се направени со мешање на остатоците од печките во “Титаник” со керамика.

  8. Double Tourbillon

Производител:Breguet
Цена:$329,000
Овој часовник е рачно изгравиран со сликата на соларниот систем.95% е со чист платинум,плавите стрелки се направени рачно и не содржат пружини.(една од главните компоненти на часовниците)

  7. Opera One

Производител:Girard-Perregaux
Цена:$495,000
Ова прекрасно платинумско “временско парче” вклучува ременче од алигаторска кожа,рачно навивање со 75 часовна резерва и прозирна позадина.Освен што е многу елегантен,овој часовник се разликува од другите луксузни часовници по тоа што не користи “бипкање” за секој нов час,туку вистински тонови.

  6. Grande Complication

Производител:Blancpain
Цена:$785,000
Овој часовник ги има месечевите фази,и автоматски механизам на навивање.За ова прекрасно парче со ремен од  крокодилска  кожа,се потребни 10 месеци да се направи,т.е.да се соединат заедно сите 740!компоненти.До сега се направени само 18 од лимитираната серија која брои 30 парчиња.

 

  5.Tecnica Skeleton Chronograph

Производител: Parmigiani Fleurier
Цена: $850,000
Овој часовник е прилично нов.(се појави на пазарот оваа година).Секоја единица од оваа серија вклучува платинумска заштита и хронограф.

   4. Classical Billionaire Tourbillion

Производител:Corum
Цена :$998,000
Овој рачен часовник е збогатен со 850 дијаманти,и има посебно навивање на часовите,а посебно на минутите.Заслужувајќи си го името, Billionaire Tourbillion доаѓа во многу верзии,од цена од $325,000 па се до цена од $998,000.Само 10 парчиња се во производство.

 
3. Big Bang Chronograph


Производител: Hublot, Bunter SA
Цена: $1 милион
Big Bang-от од 1 милион долари поседува потполна невидливост на материјалот,и единствено нешто што може да се види на него се дијамантите.Овој часовник не беше можно да се создаде пред само неколку години.

 

  2. Tour de l’Ile

Производител:Vacheron Constantin
Цена :$1.5 милион.
Овој часовник беше дизајниран во 2005.Ова колекционерско парче исто така е и најкомплицираниот часовник со 2 лица во светот,и се направени вкупно 7.Има 18 каратно сребро и злато,и алигаторска кожа.Има хороскопска и астрономска карта,и способност да покажува и втора временска зона. Да се создаде вкупно се потребни 10.000 човечки работни часови

1. Joaillerie 101 Manchette

Производител:Jaeger-LeCoultre
Цена:Непозната во моментов
Овој часовник претставува еден вид сложувалка од накит,и во него е скриен Calibre 101(најмалиот часовник на светот-тежи помалку од грам).Има 576 дијаманти и доаѓа во 18 каратно злато.

- Реклама -