10. Австралија
139 злата, 152 сребра, 177 бронзи
Австралија настапувала на сите Олимписки игри досега, но медалите во 1908-та и 1912-тата не им се сметаат бидејќи настапувале заедно со Нов Зеланд, по д името Австалазија.
9. Шведска
143 злата, 164 сребра и 217 бронзи
Швеѓаните учествувале на сите ОИ досега, освен во 1904-тата, а од 1908 до денес, освојуваат медали.
8. Унгарија
167 злата, 144 сребра, 165 бронзи
Настапувале на сите ОИ, освен во 1920 и 1984 и освоиле досега најмногу медали од сите земји кои не биле домаќини на ОИ.
7. Германија (без Источна и Западна)
174 злата, 162 сребра, 217 бронзи
Германија има долга олимписка традиција, но официјалните бројки ги бројат успеите на Германија на ОИ од 1896-1952 (без 1920 и 1924) и од 1992 до денес. И покрај огромните успеси на Германија во периодот од 52′ до 89′ кои не вклучени во оваа статистика, Германија е помеѓу првите 10 Олимписки земји.
6. Италија
198 злата, 166 сребра и 185 бронзи
Италија се натпреварувала на сите ОИ, освен во 1904-тата, а биле домаќини во 1960-тата.
5. Кина
201 злато, 146 сребра, 126 бронзи
Од 1932 до 1948 се натпреварувале како Република Кина која го вклучувала и Тајван, но без медали. Како Народна Република Кина учествуваат од 1952-та, но со огромна пауза помеѓу 52′ и 84′ во Лос Анџелес.
4. Франција
202 злата, 223 сребра и 246 бронзи
Се натпреватуваат на сите ОИ, 1904 е под знак прашалник, бидејќи не се знае дали еден од натпреварувачите ја претставува Франција или САД.
3. Велика Британија
236 злата, 272 сребра и 272 бронзи
Една од трите земји кои учествувале на сите ОИ. На секоја Олимпијада освојуваат минимум еден златен медал.
2. Советски Сојуз
395 злата, 319 сребра и 216 бронзи
Руската Империја се натпреварувала во 1900, 1908 и 1912. Најголемите успеси ги има стариот Советски сојуз, каде главен конкурент му е САД и никогаш не паѓа под второто место на ОИ. Од 1996, Русија се натпреварува на сите ОИ и освојува 132 злата, 121 сребро и 142 бронзи.
- САД
976 злата, 757 сребра, 666 бронзи
Убедливо на првото место. Се натпреваруваат на сите ОИ и на сите освојуваат медал освен во 1980 во Москва каде не учествуваат поради бојкот. Само два пати во историјата не завршиле на првото или на второто место на вкупното бодување, Во Монтреал 1976 и Сеул 1988 каде завршуваат како трети.