10 тајни на машкиот мозок

GuysTVЖените трошат многу часови обидувајќи се да разберат како размислуваат мажите, а на таа тема се посветени безброј страници во т.н. „женски“ списанија и книги за самопомош. Зошто не ми одговара на пораките? Како може да живее во таква нечистотија? Точните одговори на овие прашања веројатно никогаш нема да ги откриеме, но добрата вест е што научниците откриваат се повеќе детали за тоа како функционира машкиот мозок.


GuysTVЖените трошат многу часови обидувајќи се да разберат како размислуваат мажите, а на таа тема се посветени безброј страници во т.н. „женски“ списанија и книги за самопомош. Зошто не ми одговара на пораките? Како може да живее во таква нечистотија? Точните одговори на овие прашања веројатно никогаш нема да ги откриеме, но добрата вест е што научниците откриваат се повеќе детали за тоа како функционира машкиот мозок.

Дали нивните откритија докажуваат дека оние стари сексистички стереотипи се вистина или има и некои други попријатни изненадувања?


10. Мажите не можат да се сетат што сте носеле на првиот состанок

Истражувачите открија дека мажите и жените користат различни делови од мозокот, а се чини дека емоционалниот центар на мозокот игра голема улога во женското памтење. Кога жените се емоционално импресионирани, тоа веројатно и ќе го запамтат до детали. Мажите, од друга страна, имаат повеќе визуелно и тактичко памтење, што значи дека лесно се ориентираат во просторот, но имаат проблеми кога треба да се сетат на деталите.

9. Мажите не слушаат
Мажите ја користат само едната страна на мозокот додека слушаат, додека жените ги користат и двете. Кога мажот слуша, се активира левата страна на мозокот која е поврзана со говорот, додека кога жената слуша се активираат двете страни. Тоа не значи дека жените слушаат подобро, туку дека мажите и жените слушаат на различен начин. Заради тоа што користат повеќе центри во мозокот, жените можат да прават повеќе работи одеднаш кога е во прашање конверзацијата, додека мажите мораат да се фокусираат на разговорот.

8. Мажите не се чувствителни како жените
За ова постои еволутивно објаснување. Мажите во својата улога на ловци и заштитници требало да убиваат животни и непријатели за да го заштитат своето семејство, додека жените се грижеле за домот и децата. Таквата разлика е впишана во нашиот мозок. Огледалните неврони играат клучна улога во емпатијата. Како што кажува самото име, тие неврони ќе предизвикаат чувство на емпатија и ќе се запрашаме што не е во ред. Студиите покажаа дека жените имаат повеќе огледални неврони од мажите, заради што се подобри во откривањето на емоционалните пораки и ситуации кога нешто не е во ред.

7. Мажите не можат да се воздржат да не гледаат во други жени
Истражувачите открија дека обликот на женското тело кој потсетува на песочен часовник, без разлика дали се работи за ликови од филм или вистински личности, кај мажите го активира центрите во мозокот кои се поврзани со реакциите на дрога и алкохол. При гледањето фотографии од други жени, кои го немале тој специфичен облик на телото, не се активирале тие центри. Од еволутивна гледна точка, мажите најверојатно потсвесно ги поврзуваат колковите и облините со плодноста.

6. Мажите не мислат на секс на секои 7 секунди
Машкиот пол неправедно е обвинет дека постопјано мисли на секс. Поголемиот дел од мажите не е ни блиску до митот од 7 секунди. Според податоците кој ги носи институтот Кинзи, 54% од мажите мисли на секс секој ден, но 43% размислува на таа тема неколку пати неделно или месечно, додека 4% помалку од еднаш месечно. Заради овој мит многу жени се чувствуваат навредено доколу мажот не се покаже во кревет. Но, на желбата за секс влијаат многу фактори, како стресот, заморот, нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност.

5. Мажите сакаат спорт
Машкото тело продуцира 20 пати повеќе тестостерон од жените, а овој хормон има важна улога во развојот на машкиот репродуктивен систем. Во студијата со животни, отстранувањето на тестостеронот резултирало со намалување на агресивноста, но научниците не ја пронајдоа истата поврзаност и кај луѓето. Тестостеронот не значи секогаш и зголемена доза на агресија, но ние поседуваме рецептори за овој хормон, што значи зголемената количина може да влијае врз однесувањето. Заради тоа, тестостеронот игра улога во тоа што мажите „полудуваат“ пред големите натпревари, а расположени и се да рискираат многу пари за својот омилен тим.

4. Мажите повеќе поднесуваат болка
Жените, освен што можат да го издржат породувањето, имаат тенденција повеќе да се жалаат во текот на животот. Во тестовите кои споредуваа колку припадниците од различните полови можат да издржат болка, мажите беа подобри. Многу научници веруваат дека општетството и стереотипите влијаат на тоа што мажите се поотпорни. Но, во една студија, истражувачите на волонтерите им понудија пари за да ја држат раката во студена вода, мислејќи дека жените сами по себе нема да бидат мотивирани бидејќи немаат општетствени стереотипи кои ги мотивираат на тоа. Резултатите покажаа дека парите не ги направиле жените поотпорни на болка, но ги поттикнало мажите да издржат во ладната вода уште подолго, што индицира дека навистина постои разлика во отпорноста кон болката меѓу половите.

3. Мажите имаат чувства, но не сакаат да ги покажуваат
Жените се сметаат за поемотивниот пол, а многумина се прашуваат зошто на мажите им е тешко да си ги признаат емоциите. Во еден дел, тоа е така заради воспитувањето, но, од друга страна, постои разлика помеѓу машкиот и женскиот мозок. Амигдалата е дел од мозокот кој ги контролира нашите емоции. Кај мажите, амигдалата комуницира само со одредени делови од мозокот, додека кај жените е поврзана со многу повеќе делови. Тоа е причината зошто жените многу повеќе зборуваат за своите емоции, како и за тоа што физичките реакции кај нив се повоочливи. Наспроти тоа, и мажите ги имаат сите емоции како и жените, но не ги покажуваат на ист начин.

2. Мажите сакаат да купуваат
Според некои студии, мажите и жените трошат подеднакво, но се разликуваат во пристапот. Додека жените сакаат долго да разгледуваат и да размислуваат околу тоа што да купат, а што не, мажите веќе се однапред одлучени што им треба. Причината за тоа исто така може да биде од еволутивна природа. И додека жените биле ориентирани кон собирање храна, па внимавале што ќе им однесат на децата, мажите во ловот морале да бидат брзи и решителни, за што побрзо да се врата дома и да го заштитат семејството.

1. Мажите сакаат да зборуваат исто колку и жените
Според некои статистики жените дневно изговараат 20.000 зборови, дедека мажите само 7.000. Сепак, неодамнешните студии покажаа дека тоа не е баш така и дека половите не се разликуваат многу во однос на комуникацијата. Мажите и жените можеби не сакаат да зборуваат за исти нешта, што е причината зошто жените мислат дека мажите се затворени,а  мажите дека жените постојано ги озборуваат. Но ако припадниците на двата пола почнат да се слушаат едни со други, ќе откријат дека имаат многу што да си кажат.
[10 Secrets of the Male Mind]

- Реклама -