10 совети за успешна врска

Двојка Едно од прашањата што најчесто си ги поставуваме е – како да ја направиме врската успешна? Одговорот не е комплициран. Се состои од 10 совети (најголемиот дел од кои веќе ви се познати). Сè што ви останува е да ги спроведете. И запомнете – клишеата станале клишеа по пат на многу, многу искуство.


Едно од прашањата што најчесто си ги поставуваме е – како да ја направиме врската успешна? Одговорот не е комплициран. Се состои од 10 совети (најголемиот дел од кои веќе ви се познати). Сè што ви останува е да ги спроведете. И запомнете – клишеата станале клишеа по пат на многу, многу искуство.

Двојка1. Внимавајте на однесувањето! Од време на време, некој убав збор (како: благодарам, нема на што и сл.) ќе му поаже на партнерот дека го почитувате.

2. Разновидноста е зачинот на животот.
Истражувањата покажале дека здодевноста може да доведе до намалување на привлечноста меѓу партнерите. Не ги правете истите нешта одново и одново, затоа што речиси сигурно ќе ве одведат до крај на врската.

3. Заедничката активност ќе ве задржи заедно.
Најдете хоби, спорт, некоја активност која ќе ви биде заеднички ритуал и фокусирајте се на неа. Не, гледањето телевизија не се важи, но затоа обидете се со пешачење, велосипедизам, собирање марки, сложување сложувалки… што и да е што ќе ве возбуди – но, правете го тоа заедно!

4. Карајте се фер!
Кога сте лути, направете пауза од караницата. Ако започнете да го нарекувате партнерот со погрдни имиња, веќе сте на првиот чекор од крајот на врската. Неколку караници подоцна и веќе сте станале непријатели.

5. Две глави размислуваат подобро од една.
Тоа што сте во врска значи дека сте направиле здружување со уште една личност. А кога веќе имате на располагање 2 ума, тогаш би било логично да ги искористите обата.

6. Оддалеченоста ја потпалува љубовта.
При влегување во врска, задржете си ги старите пријателства кои се само ваши. Понекогаш излегувајте со нив, наместо со партнерот. Дистанцата ќе направи повеќе да го цените партнерот, а ако врската не успее, тогаш ќе ви останат пријателите.

7. Комуницирајте!
Разговорите на теми на кои не се согласувате (пари, деца, иднина) нема да се забавни, но ќе бидат корисни. Ако не успеете да ги изнесете своите ставови, никогаш нема да ги решите проблемите.

8. Смеењето е најдобар лек.
Научете да си се смеете на сопствените грешки и глупости, наместо да се нервирате за ситници.

9. Не ја заборавајте целта.
Двајцата имате иста цел. Не заборавајте го тоа и не се однесувајте со партнерот како со непријател.

10. Ако се откажете, не можете да победите!
Одберете заеднички ритуал и држете се до него без разлика што ви се случува. Тоа може да е бакнување пред спиење, за добра ноќ; еден ден во месецот кога ќе можете да спиете до колку што сакате; договор дека ќе имате секс еднаш неделно – без разлика, што и да е, држете се до ритуалот дури и во ситуација кога мислите оти светот се распаѓа. Кога ќе престанете со ритуалот, веројатно и ќе се распадне.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати
- Реклама -