10 работи кои не сте ги знаеле за Че Гевара

1243506439.jpg Че Гевара. Го сакале и мразеле. Тој е еден од најголемите комерцијални успеси и еден од најбруталните убијци во скорешната историја. Не е чудно што е толку добро познат на луѓето. Ви претставуваме некои не толку познати работи за него.

Че Гевара. Го сакале и мразеле. Тој е еден од најголемите комерцијални успеси и еден од најбруталните убијци во скорешната историја. Не е чудно што е толку добро познат на луѓето. Ви претставуваме некои не толку познати работи за него.

 

10. Не толку гламурозно име
ne_tolku_poznato_ime.jpeg

 

 

 

 

 

 

 

 

Името „Che Guevara“ индицира или љубов или омраза. Името е синоним за борба за слобода на едни и крвопролевање за други. Тоа што повеќето луѓе не го знаат е дека вистинското име на Че не е баш толку романтично; тој е роден како Ернесто Линч. Не звучи баш исто, нели? Неговото презиме потекнува од фактот што неговото семејство било полу – Ирско. Ернесто Линч е прикажан на сликата на 22 годишна возраст.

9. Смрдливиот Че
smrdliviot.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Че Гевара во младоста го носел прекарот „Chancho“(свиња) поради неговите навики за туширање(или недостигот на истите) и поради фактот што тој гордо носел „неделна маица“ – маица која ја менувал еднаш неделно. Целиот живот луѓето коментирале за неговата смрдеа (очигледно не толку често кога станал моќен човек)

8. Ернесто бубалицата
bubalica.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 Спротивно од сликата која ја имаме за Гевара, во младоста тој бил голема бубалица. Обожавал да игра шах, па дури и учествувал на локални турнири. Кога не се дружел со другарчињата со кои играл шах, Ернесто читал поезија, која страсно ја сакал. Неговите омилени предмети во училиште биле математика и инженерство. На сликата е прикажан како Ернесто Линч(Че Гевара)би изгледал како тинејџер денес.

7. Кубанец или не?
kubanec_ili_ne.jpg

 

 

 

 

 

 


Иако Гевара е најдобро познат по своите акции во Куба, тој всушност бил роден во Аргентина, во богато семејство и никогаш не станал кубански граѓанин. Кога се родил, неговиот татко рекол:„Првото нешто што забележав, е дека во мојот син тече крвта на ирските бунтовници“

6. Доктор на медицина
doktor.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иако има дискусии за овој факт на Интернет, во јуни 1953 Гевара ги завршил своите медицински студии и дипломирал како Доктор Ернесто Гевара. Додека студирал тој бил посебно заинтересиран за болеста лепроза.

5. Американско патување

{youtube}BUmqsWzPDvs{/youtube}

Во 1964, Гевара отпатувал во САД за да одржи говор во Обединетите Нации во Њујорк. Додека бил таму, тој изјавил:„Тие кои си ги убиваат своите деца и секојдневно ги дискриминираат поради бојата на кожата; тие кои дозволуваат убијците на црните да бидат слободни, заштитувајќи ги и уште повеќе казнувајќи ја црната популација само затоа што сакаат легитимни права како слободни луѓе – како тие кои го прават ова можат да се сметаат за чувари на слободата?“
 
4. Пет деца
sinot.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Можеби не го сметаме Гевара како семеен човек, но тој имал 5 деца. Едно со неговата прва жена, Хилда Гадеа, ќерка која била родена во Мексико Сити на 15 февруари 1956 и четири со неговата втора жена, револуционерката Алеида Марч. На сликата е Камило – синот на Че.
 
3. Без раце
bez_race.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

По неговата егзекуција, воен доктор ги ампутирал рацете на Че. Боливиски воени офицери го однеле телото на Че на непозната локација и одбиле да го откријат, додека неговите остатоци биле закопани или кремирани. Рацете биле сочувани во формалдехид за да бидат пратени во Буенос Ариес за идентификација од отпечатоците.(неговите отпечатоци ги имало во досие во аргетинската полиција). Потоа биле пратени на Куба.
 

2. Иронична икона
ikona.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Висококонтрасната монохромоска графика од неговото лице стана еден од светски најпопуларната роба, која може да се најде на маици, капи, постери, тетоважи, па дури и бикини. Иронично, бидејќи е спротивно на потрошувачката култура која што тој ја презирал. Оригиналната фотографија потекнува од еден погреб и е дело на новинарскиот фотограф Алберто Корда. Во тоа време на Корда многу му се допаѓала и ја закачил на неговиот зид. Таму стоела се додека еден италијански новинар не ја видел и прашал дали може да ја има. Се друго е историја.
 
1. Свети Ернесто
sveti_e.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Гевара остана сакан национален херој за многуминна во Куба, кадешто неговото лице е на кубанскиот пезос од 3$ и децата во училиште секое утро го почнуваат со песната „Ние ќе бидеме како Че“. Во неговата родна Аргентина многу средни училишта го носат неговото име, има безбројни Че музеи низ земјата и од 2008 има 12 стапки висока бронзена негова статуета во неговиот роден град Росарио. Гевара е прогласен за светец од некои боливиски фармери, „Свети Ернесто“ на кои му се молат за помош. Нема потреба да се каже дека Католичката црква не го смета Гевара како светец и е строго против тоа.

- Реклама -