До сега, сигурно знаете дека трчањето е добро за вашето здравје, но едноставно не сте нашле мотивација да станете, да облечете патики и да започнете со оваа активност. Можеби овие факти за трчањето ќе ви бидат доволни за да го почнете патот до поздрав и подобар живот.
До сега, сигурно знаете дека трчањето е добро за вашето здравје, но едноставно не сте нашле мотивација да станете, да облечете патики и да започнете со оваа активност. Можеби овие факти за трчањето ќе ви бидат доволни за да го почнете патот до поздрав и подобар живот.
1. Не мора да учите да трчате
Трчањето е наједноставниот спорт што постои. Не мора да учите сложени правила, не ви е потребен никој друг за да го практикувате, ниту пак друга опрема, освен патики и удобна облека.
2. Ќе се збогувате со големиот стомак
Истражувањата покажаа дека 30 минути трчање согорува 391 калорија, додека исто толку време возење велосипед согорува 277, а играње тенис 272. Со трчањето, речиси двапати побргу ќе се ослободите од вишокот килограми.
3. Ќе станете посреќни
„Благото до умерено вежбање предизвикува ослободување ендорфини кои ќе ви помогнат да се справите со стресот и ќе направат буквално да се почувствувате посреќни“ вели Ендрју Мак Калотс, раководител на истражувањата во Институтот за ментално здравје на Велика Британија.
4. Ќе имате посилни коски
Оние што трчаат по само 15 минути, 3 пати неделно, го намалуваат ризикот од подоцнежна појава на остеопороза за цели 40%.
5. Не постои старосна граница за трчање
Во некои спортови, кога ќе достигнете одредена возраст, време е да се размислува за пензија. Но, кога станува збор за трчање, не мора никогаш да престанете. Најдобар пример е Рон Хил, атлетичарот кој денес има 72 години и има трчано секој ден од декември 1964, па до денес.
6. Трчањето е спорт за сите услови
Без разлика дали е студено, топло или врне, нема да имате изговор да не излезете на трчање. Ако е студено, само треба да облечете нешто потопло и проблемот е решен.
7. Светот ќе биде ваш
Трчањето рано наутро, кога сите други спијат е неверојатно искуство. Пристигнувате на празни места, без гужви, го гледате светот во едно поинакво светло што ќе ве исполни со задоволство.
8. Ќе спиете подолго и подобро
Истражувачите од медицинскиот факултет на Стенфорд, им дале инструкција на луѓето што пателе од несоница да џогираат по 20 до 30 минути дневно. По кусо време, им било потребно помал период за заспивање, а должината на спиењето нараснала за речиси цел час.
9. Ќе можете да трчате во итен случај
Животот е непредвидлив. Некогаш, можеби ќе треба да се спасувате (или да спасувате некого) од опасна ситуација, со трчање. Доколку тоа ви е редовна пракса, многу подобро ќе се снајдете во стресната ситуација.
10. Помалку посети на лекари
Луѓето што вежбаат умерено, имаат помали шанси да се разболат, затоа што нивните клетки се поподготвени за борба со инфекции. Едно истражување од Лондон вели дека луѓето што џогирале 5 пати неделно по 15 минути, се разболувале два пати помалку од оние што воопшто не трчале. [10 Reasons to Start Running and Stay Fit]