10 причини зошто денес после работа да одиш на пиво со екипата

Ова се десет причини за тоа

Дали пиењето на една чаша пиво на ден може да ви помогне да живеете подолго?

Сигурно ќе се изненадите што велат најновите истражувања. Студија која ја
реализираше Универзитетот во Пенсилванија, каде што беа вклучени 80 000
возрасни лица докажа дека пиењето на една или две чаши пиво секој ден, може да го
намали ризикот од срцеви заболувања или срцев удар. Покрај тоа, пивото го
зајакнува имунитетот, ги штити коските…

Пивото е добро за здравјето на бубрезите

Во народот се знае дека штом некој има проблем со бубрезите, камчиња или песок, треба да пие
пиво. Но, тоа не е само народен лек за камења во бубрезите. Едно истражување кое беше
реализирано во Финска, докажа дека меѓу алкохолните пијалаци, пивото е најдобро за
бубрезите. Имено, секое испиено шише (0,3 литри) со пиво го намалува ризикот од појава на
камења во бубрезите за 40%.

Го подобрува варењето на храната

Пивото, особено темното пиво, содржи 1 грам на растворливи растителни влакна во 300 мл – за
разлика од виното кое не содржи растителни влакна. Растителните влакна имаат важна улога
при поминувањето на храната низ дигестивниот систем. Недостатокот на растителни влакна
може да доведе до интестинални нарушувања, како што е констипација.

Пивото го намалува ЛДЛ холестеролот
Растителните влакна кои ги содржи пивото може да ви помогнат за намалување на нивото на
лошиот холестерол.

Изобилува со витамини од групата Б

Пивото содржи неколку витамини од групата Б и тоа Б1, Б2, Б6 и Б12. Едно холандско
истражување утврди дека кај лицата кои пиеле пиво, нивото на витаминот Б6 било за 30%
повеќе во споредба со лицата кои не консумирале пиво. Исто така, пивото е добар извор на
витаминот Б12, кој е ретко се наоѓа во храната, а особено е важен за лица кои се слабокрвни.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Победете ја несоницата со пиво

Пивото може да биде лек за несоница. Лактофлавинот и витаминот Б3 кои ги содржи пивото,може да го подобрат сонот.

Пивото го намалува ризикот од срцев удар
Лицата кои пијат пиво имаат 40 до 60% намален ризик за појава на срцев удар во споредба со
оние кои не го консумираат.

Превенира настанување на тромбоза

Состојките кои ги содржи пивото превенираат создавање на тромбоза.

Ја подобрува меморијата
Студиите покажуваат дека лицата кои пијат пиво имаат помал ризик за настанување од
Алцхајмерова болест и деменција.

Помага за намалување на стресот

Истражувачите во Универзитетот од Монтреал утврдија дека две чаши пиво на ден може да го
намалат стресот предизвикан од работата, како и анксиозноста. Па, по работниот ден поканете
ги пријателите и напијте се … ладно пиво

Пивото ја разубавува кожата

Добри вести за сите жени! Одредени витамини кои ги содржи пивото може да ја регенерираат
кожата и имаат позитивно влијание врз пигментацијата. Вашата кожа ќе биде помазна и
посјајна.

И покрај тоа што пивото има многу придобивки, умереното пиење на една до две чаши пиво на
ден е најдобро за вашето здравје! За повеќе, овој текст не е одговорен за последиците.

- Реклама -