Ова се приказни за луѓе кои сакаат предизвик и кои својата издржливост ја ставиле на тест. Од туркање на количка повеќе од 4.000км до ползење 2.500км само за да се запознае претседателот, од собирање пари за истражување до трчање околу Земјата – запознајте се со нивните подвизи.
Баптистичкиот свештеник кој ползел 2 574.9504км. до Белата куќа
Во 1978, 39 годишниот свештеник Hans Mullikin пристигна во Белата Куќа откако ползел 2 574км од Маршал, Тексас. Неговите нозе биле завиткани во крзно и обложени со тенок галванизиран челик. На 22 Ноември 1978 тој го заврши своето две и пол годишно ползење, само за да чуе дека тогашниот претседател Картер е премногу зафатен за да го види. „Само сакав да и покажам на Америка дека треба да клекнеме на колена и да се покаеме“, Mullikin изјавил за медиуите. „Ова е нешто што ми беше во срцето и сакав да го сторам за нашата земја“.
Австралијанецот кој го обиколи светот со амфибиско возило
Ben Carlin од Австралија го прифати предизвикот да го обиколи светот со модифициран амфибиски џип. Тој ја постави неговата жена Elinore за прв помошник во 1950. Неговата жена со тек на време се вразуми и ја напушти експедицијата некаде во Индија, на околу 3/4 од патувањето, но Ben продолжи со други помошници и конечно го заврши патувањето во 1958. Патувањето започна и заврши во Монтреал, Канада. Траеше 8 години, поминувајќи 62.000км на копно и 17.000км на море.
Човекот кој поминал 4.115км туркајќи количка, само за да собере пари за истражување за ракот
Дејвид го заврши своето 112 дневно патување низ Австралија, туркајќи количка. Тој го направи ова за да собере пари за рак на градите и простата. 65 годишниот Дејвид изјавил дека се чувствува „неверојатно добро“, земајќи во обзир дека поминал 4.115км на копно. Тоа што го изодел е еднакво на 100 полни маратони, за само 112 дена. Поминувајќи низ речиси 70 градови, Baird изјавил дека ја туркал количката од 10 до 12 часа дневно. Иако немал никакви сомнежи дека ќе го заврши патувањето, признал дека „било тешко“. Со оваа експедиција, тој успеал да собере повеќе од 20.000 долари.
Човекот кој буквално трчаше околу Земјата
Британскиот тркач Robert Garside, исто така познат и како „The Runningman“(„Тркачот“), е запишан во Гинисовата книга на рекорди како прва личност која трчала околу Земјата. Garside го започна својот рекорд после неколку откажани обиди од Кејптаун и Лондон. Garside тргна од Њу Делхи, Индија на 20 Октмоври 1997 и ја заврши експедицијата на истото место на 13 Јуни 2003. Оваа експедиција беше дискутабилна за другите тркачи и за печатот. Со оглед на тешкотиите при пресметките, Гинисовата книга потроши неколку години собирајќи податоци пред да го прогласи овој проект за автентичен.
За време на трчањето, тој си го ажурираше неговиот веб сајт wwww.runningman.org со преносен компјутер, опишувајќи ги тешкотиите кои настануваат со едно вакво трчање – природните, физичките и психичките. Тој престојувал во хотели со 5 звездички, но и во затворски ќелии, па и во полициски станици. Изјавил дека добил 120.000 долари од разни донации. За време на трката, Garside исто така си нашол и љубов, запознавајќи ја Endrina Perez од Венецуела.
Му требаа 2.062 дена за да помоне 48.000км низ 29 земји и 6 континенти. Искористил 50 пара тренерки:)
Студентот кој започнал да оди 4828 од Пекинг до Германија и направил краток филм за тоа
Christoph Rehage за својот роденден во Ноември 2007 решил да тргне на еден долг пат. Планот бил да тргне од Пекинг, Кина – кадешто Christoph студирал – до неговиот дом во Bad Nenndorf, Германија. Неверојатен подвиг, ако се земе во обзир пространството на Кина. За време на подвигот, тој се фотографирал секој ден и со тоа направил филм од 5 минути. На филмот може да се види психичката борба на Christoph: израснал дива коса и брада, празни автопати, луѓе кои постојано доаѓаат и си одат… После една година, Christoph реши да престане и да се врати во школо.
{youtube}VLV7rjJ7yj8{/youtube}
16-годишното девојче кое самошто ќе заврши пат околу светот сама
Jessica Watson е се поблизу до завршувањето на нејзината 7-месечна обиколка околу светот, патување кое ќе ја направи (барем засега) најмладата личност која го направила ова. Џесика треба да пристигне во Сиднеј на 9 Мај, пречекана како херој и со богатство кое ќе и се нуди за нејзината приказна. Империјата на Rupert Murdoch веќе ги откупи правата за сума која сеуште не е договорена. Jessica, која имаше само 12 години кога им кажа на родителите дека сака да едри соло низ светот, го напушти Сиднеј на 18 Октомври 2009.
Човекот кој пешачел 13.000км од Калифорнија до Турција – назадечки
Plennie L. Wingo пешачел назадечки од Санта Моника, Калифорнија до Истанбул, Турција, од 15 Април 1931 до 24 Октмоври 1932, на 36 годишна возраст. Поминал околу 13.000км и документирал сè во книгата „Околу светот назадечки“. За да го направи ова, тој носел перископски очила за да гледа каде оди. Одел околу 32км дневно.
Човекот кој изодел 2945 на ногарки
Sylvain Dornon во 1891 започнал да оди од Париз до Москва – на ногарки. Овој подвиг го започнал на 12 Март 1891 и насекаде изнудувал зачудувања, иако во некои делови од Франција ваквото одење било познато пред 1870.
Човекот кој патувал 12 години од Африка до Гренланд, само за да најде место во кое нема змии
Tete-Michel Kpomassie е роден во 1941 во Того. Кога бил млад, одејќи во џунглата бил каснат од питон и се онесвестил. Неговиот татко верувал дека лекот го имаат само свештениците во Култот на питоните, кој бил скриен длабоко во шумите. Kpomassie бил однесен таму и лекот функционирал, но свештениците си барале нешто за возврат. Имено, за возврат Kpomassie морал да стане член на култот и следните седум години да живее во џунглата, меѓу змиите. Во ова време, кога Kpomassie бил излечен, тој нашол детска книга за Гренланд. Тоа што го фасцинирало за оваа земја било тоа што таа нема змии, а нема ниту дрвја каде што тие би можеле да се скријат. Тој веднаш се заљубил во земјата и избегал од дома, со идејата некако да стигне до Гренланд.
Следните 12 години тој патувал, одбивајќи да остане на едно исто место повеќе од 6 месеци – и работел во земјите во Западна Африка, до Европа и конечно во 1960 нашол брод до Гренланд. За ова време, научил многу јазици и стекнал голем број на пријатели, со неговите вештини како раскажувач на приказни и неговиот природен шарм. Приказната за неговите авантури можете да ја прочитате во неговата книга која беше издадена во Франција во 1977 – „Африканецот во Гренланд“.
Човекот кој отиде да пешачи преку земјите на САД за да ослаби
Steve Vaught презема огромен предизвик во 2005 – да пешачи низ САД за да ослабе. Тој го започна ова во Oceanside, Калифорнија на 10 Април 2005, кога тежеше 186 кг и патеше од депресија бидејќи при возење усмртил двајца пешаци пред 15 години. Со ова тој ослабел 15 килограми, но експедицијата не поминала без контроверзии. Дискутабилно било дали Vaught ја оди секоја милја или пак се вози. Во негова одбрана, тој изјавил: „Неможете да мамите. Ова беше мое патување, не ми беше важно колку милји ќе поминам или каде и кога одам… Важно беше каде ми е паметот“.