10 необични но практични изуми за решавање на секојдневните проблеми

Повеќе...Од лош возач на автобус, па се до тоа да ви се гледа задникот – малите работи можат навистина да ви го расипат денот. Запознајте се со овие инветивни изуми кои неверојатно добро ја поправаат ситуацијата.

Од лош возач на автобус, па се до тоа да ви се гледа задникот – малите работи можат навистина да ви го расипат денот. Запознајте се со овие инветивни изуми кои неверојатно добро ја поправаат ситуацијата.

Сад со вода за возачите да возат побавно
a97111_g076_1-water-bowl

Автобуска компанија во Кина лансираше нова кампања за безбедно возење со тоа што постави големи садови со вода до возачите. Компанијата Longxiang од Хунан провинцијата вели дека возачите мораат да возат нежно за да не истурат вода од садот. Од возачите се очекува садот да биде полн кога тие ќе си ја завршат смената. За да нема мамење, односно да се осигураат дека возачите нема сами да си ставаат вода во садот на крајот од смената, тие се надгледувани од камери.

За да не се плашат од вашиот доберман – облечете го како пудлица
a97111_g076_5-doberman

Дали ви се здосади да се плашат од вашиот сладок доберман? Па, не грижете се повеќе. Компанијата AttackChi прави облека со која ви овозможува да се „маскираат“ опасните видови на кучиња. Сега вашиот доберман можете да го облечете како пудлица. Но сепак внимавајте, ако го облечете како пудлица не значи дека е и помалку опасен.

Еко тоалет за ѓубрење на земјиштето

a97111_g076_7-eco-toilet

Еднаш одамна имаше еден мрзелив фармер кој мразеше да си ги наѓубрува своите полиња. Па, тој го измисли ова – со секојдневно помрднување на столицата еден чекор понатаму, тој успеа да ги наѓубри сите полиња, решавајќи си Судоку.

Обоени магариња за да се компензира недостатокот на зебри во зоолошката

a97111_g076_4-painted-zebra

Во Marah Land зоолошката, во Палестина, имаше две зебри, кои за жал, умреа од глад. Бидејќи тие беа главна атракција, а зоолошката немаше пари да ги замени, се досетија на малку необично решение. Тие обоија две магариња со црни пруги и неверојатно, но со тоа тие го постигнаа ефектот кој го бараа. Од голема далечина и за неистренираните очи, тие изгледаат како зебри. За да се донесе вистинска зебра преку блокираната Газа ќе треба да се шверцува во тунелите под границата со Египет и тоа би чинело 40.000 долари.

Држач за патент
a97111_g076_2-zip-holder

Проблемот со случајното отворање на вашиот патент сега е решен. Ова практично решение е толку едноставно што е зачудувачки како досега на никого не му текнало. Тоа е всушност еластичен јазол прицврстен на едниот крај е на патентот, а другиот се закачува на копчето од вашите панталони. Вака, вашиот „дуќан“ секогаш ќе биде затворен:)


Јавен тоалет на дрво

a97111_g076_6-tree-urinal

Иако на прв поглед овој изум не изгледа фер од женска страна, добрата вест е тоа што помага при смалувањето на хемиската загаденост. Изумителот препорачува да се сврзе со инфлитрационен систем на самото место, при што вашата течност би помогнала во „исхраната“ на дрвото. Бидејќи урината содржи азот, а вие тој азот повторно ќе и го „вратите“ на природата – истовремено и го спречувате загадувањето. Но, пред да инсталирате едно вакво на вашиот следен јавен настан, прво проверете ги локалните закони:)

Косилка – велосипед
a97111_g076_3-bike-mower

Ако видите фармер како си ја коси тревата со ова, не значи дека е мрзелив, туку само дека попрактично, полесно и побрзо си ја сработува својата работа. Можеби ви е чудно, но ваквите изуми се практикуваат се почесто низ светот.

Селотејп, за да избегнете несакани погледи
a97111_g076_8-butt-crack

Дали сте загрижени дека кога ќе седнете ќе ви се гледа задникот? Немојте повеќе, со обична употреба на селотејп вие ќе ја скриете вашата интимност.

Маица за туристи
a97111_g076_9-t-shirt

Никој не сака да биде обичен турист, кога за да прашате нешто мора да се играте пантомима со локалните жители. Ова е едноставно и практично решение кое ќе ви помогне за поубаво да се снајдете каде и да сте. Маицата е дизајнирана од Арт Лебедев и сѐ што треба е да си покажете на маицата што барате, а потоа на знакот прашалник. Добра идеја е да не носите ништо врз неа, бидејќи никогаш не знаете како странец ќе реагира кога ќе почнете да се соблекувате пред него.

Ниско буџетна направа против кражби

a97111_g076_10-car
Немате пари за оние скапи гаџети што ги гледате на ТВ? Проблемот е решен со ова:)

Уште неколку изуми кои би ја олесниле работата:

c9022
c9023

- Реклама -