10 негативности при држење на диета

Доколку сте личност која многу често практикува диети, би требало да ги знаете овие негативни страни.

1. Дисбаланс на водата во телото

Сигурно сите сме запознаени дека треба редовно да се пие одредена количина на вода, за да нашето тело функционира нормално. Во зависност од типот на диетата, може да дојде нарушување на балансот на вода во организмот и да се предизвикаат посериозни последици. Тоа се случува кога одбегнуваме одредена храна, од која телото редовно абсорбирало вода.

2. Губење на коса

На корењата на косата им се потребни одредени хранливи материи. Лудувајќи по диети, многу често се лишуваме од нив.

3.Намалена когнитивна способност

Бројни испитувања покажале дека при практикување на диети со избегнување на јаглехидрати, имаме намалена меморија, поспори рефлекси и проблеми со концентрацијата.

4.Кетоза

Кетозата е резултат на ниско ниво на шеќер во крвта и недостаток на јаглехидрати. тоа доведува до лош здив и замор, а може и да ги оштети бубрезите и црниот дроб.

5.Депресија

Едноставно е. Не сме среќни кога гладуваме. Континуирано изгладнување на организмот предизвикува депресија, проблеми со спиењето и променливо расположение. Исто така недостаток на јаглехидрати и шеќери, го намалува нивото на серотонин, кој е хормон за среќа.

6.Нагло накачување на килограми

При дисциплинирано практикување на диета, ние го менуваме нашиот метаболизам. Но откако ќе ги постигнеме резултатите, доколку се вратиме повторно на старата диета, многу често килограмите нагло ги враќаме. Ова предизвикува ослабнување на срцето и распукување на кожата (стрии)

7.Самоомраза

Доколку на одредени моменти ја прекршиме диетата, подоцна ќе се чуствуваме многу лошо. Одредени луѓе навистина започнуваат да се мразат себеси.

8.Оштетување на органите

Понекогаш кога сме воодушевени од постигнатите резултати, знаеме да продолжиме со диетата покрај тоа што има строго утврден рок на практикување. Ова најчесто резултира со оштетување на внатрешните органи

9.Нарушена исхрана

Ова се случува кога едно лице не престанува со диетата. Тоа повеќе не е диета, туку нарушување во исхраната, најчесто анорексија или булимија.

10. Диетски недостатоци

Диетите најчесто не охрабруваат да избегнеме/намалиме одреден тип на храна во нашата дневна доза. Но тоа значи дека ние не му даваме тоа што му е неопходно на телото. Одредена доза од секој тип на храна е задолжително и никогаш не смееме тоа да го заборавиме!

- Реклама -