Природата е врвниот дизајнер. Но, не се секогаш нејзините дизајни совршени. Еве неколку пропусти и парадокси во природата, за кои можеме да ја обвиниме еволуцијата.
Природата е врвниот дизајнер. Но, не се секогаш нејзините дизајни совршени. Еве неколку пропусти и парадокси во природата, за кои можеме да ја обвиниме еволуцијата.
1. Отворот за воздух кај морските цицачи
Секое животно кое го поминува најголемиот дел од времето во океанот би требало да биде во можност да го црпи кислородот од водата преку жабри. Зголемување на белите дробови и поместување на ноздрата зад главата е навистина лоша идеја.
2. Клиторисот на хиената
Овој „псевдопенис“ кај хиената кој има функција и како канал за породување, толку многу може да е стврдне што може да го убие младенчето хиена кога доаѓа на свет.
3. Брадавицата на кенгурите
За да се нахрани за прв пат, новороденото кенгурче кое изгледа како направено од желе, мора да се искачи по телото на мајката сè до брадавицата во торбичката.
4. Каналот за породување кај жирафата
Мајката жирафа стои додека се пораѓа, па бебето жирафа доаѓа на овој свет во скок од височина од 1.5 метри.
5. Оклопот на пајакот што јаде птици
Овој огромен пајак може да се искачува по дрва за да улови многу мобилен плен, а сепак има оклоп толку кршлив што практично може да експлодира при пад. Па, барем може да плете мрежа за да го ублажи падот. Па, всушност… не може!
6. Забите на фетусот од ајкулата
Неколку видови ајкули се живоротки (наместо да положуваат јајца). На малите ајкулчиња им растат заби додека се во стомакот, па така се случува малите ајкули да ги изедат своите браќа или сестри in utero.
7. Човечкиот стомак
Луѓето (т.е. нивните стомаци) можат да сварат сè, освен целулозата – основната компонента на растенијата. Зошто тогаш немаме бактерии во цревата кои ќе го направат тоа? Па, тие се зафатени помагајќи им на термитите.
8. Гениталиите на полжавот
Некои хермафродитски видови се размножуваат такашто взаемно се обвиваат со половите органи. Доколку еден од членовите во овој процес се заглави, другиот полжав го одгризува половиот орган. Ауч!
9. Четириножни животни
Да речеме дека сте животно со четири нозе. Сега да замислиме дека имате рана на вашиот грб, или нешто ве чеша или ве лазе некој инсект. Епа тогаш имате лоша среќа. Најверојатно не можете да направите нешто многу околу тоа. Да се надеваме дека има некое ниско гранче во близина.
10. Забот на нарвалот
Израстокот ала еднорог на главата на машкиот нарвал е всушност заб кој се појавува на врвот на вилицата и расте повеќе од 2 метри. Сигурно нервалите ги имаат најлошите забоболки.