10 најчудни причини за отказ

Повеќе...Иако има луѓе кои заслужуваат отказ, но има и такви кои воопшто не заслужуваат – но сепак го добиваат. Ако мислите дека вие сте неправдено отпуштени, погледнете ја оваа листа. Можеби нема да се утешите, но сигурни сме дека ќе се зачудите.

Иако има луѓе кои заслужуваат отказ (10 најлоши вработени), но има и такви кои воопшто не заслужуваат – но сепак го добиваат. Ако мислите дека вие сте неправдено отпуштени, погледнете ја оваа листа. Можеби нема да се утешите, но сигурни сме дека ќе се зачудите.

Келнерката која добила отказ откако си ја избричила главата за добротворни цели
a97163_g109_1-shaved-head

Стејси Фиарнал, чиј татко починал од рак, решила да си ја избричи главата за настан на кој се собирале средства за борбата против ракот. Но, кога се вратила на работа во нејзиниот ресторан, каде што работела како келнерка, таа била отпуштена. На Стејси, мајка на 2 деца – ѝ било кажано да си оди дома откако одбила да носи перика. Сопственикот и шефот на ресторанот, Ден Хилиард, бранејќи ја својата постапка кажал дека ресторанот си има одредени стандарди. Како и да е, 36 годишната келнерка собрала 7.200 долари во замена за нејзините локни.

Жената која била отпуштена откако си го сменила својот Facebook статус
a97163_g109_9-fired-facebook

Колку пати сте напишале на својот Facebook статус: „Досадно ми е на работа…“? Најверојатно барем еднаш, иако статистички тоа се случува 3.4 пати неделно. Но, дали можете да си замислите некој да биде отпуштен поради тоа? Бидејќи токму тоа ѝ се случило на Кимберли Свон. Нејзиниот шеф го видел статусот „се досадувам на работа“ и одлучил дека таа не е среќна таму и дека „нема да успее“. Прашањето е, што правел шефот на Facebook во текот на работно време? Можеби и тој помалку се досадувал?

Жената која била отпуштена бидејќи праќала мејлови со големи букви
a97163_g109_8-capslock

Сметководителка во Оукленд била отпуштена бидејќи праќала „конфротирачки“ мејлови, со црвени зборови и со големи букви. Вики Вокер, која била финансиски контролор во компанијата ProCare Health, подоцна била наградена со 17 илјади долари, како надомест за отказот, но таа имала планови и за понатамошни тужби. Компанијата ѝ кажала на Вики, која работела таму веќе 2 години, дека ја нарушува хармонијата на работното место, со користење на дебели букви, црвен текст и пишување со големи букви. Иако компанијата тврди дека таа пратила голем број на такви мејлови, сепак како доказ искористиле само еден.

Жената која била отпуштена од McDonald’s бидејќи додала парче кашкавал во хамбургер
a97163_g109_4-hamburger

Келнерка била отпуштена од McDonald’s, откако му продала хамбургер со кашкавал на нејзин колега, кој ја замолил да додаде едно парче. Ресторанот тврди дека со ова, таа од хамбургерот направила чизбургер и дека требала да му го наплати поскапо. На McDonald’s им било наредно да ѝ платат на келнерката 4200 евра за последните 5 месеца од нејзиниот договор, но тие тврдат дека таа ги прекршувала правилата на компанијата – носејќи бесплатни подароци на нејзиното семејство, пријателите и колегите.

Вработениот во Vodafone кој бил отпуштен откако пратил порака од Twitter на T-Mobile

a97163_g109_5-twitter

Компаниите започнуваат да го гледаат својот Twitter канал малку посериозно. Еден вработен во Vodafone, Мулер Тамас од Унгарија, беше отпуштен баш поради ова. Сѐ започна кога T-Mobile имаа проблеми со својата мобилна мрежа во Унгарија. T-Mobile  имаа проблеми со конектирањето на телефонските повици, па за да ги информира своите корисници, тие решија да користат Twitter. Првата порака гласеше: „Унгарската мрежа на T-Mobile падна, проблемот е во софтверот.“ Потоа уште една, која гласеше: „Ќе има официјално известување за проблемот со мрежата. Ве молиме бидете трпеливи.“ Тамас, член на маркетиншкиот оддел на Vodafone, реши малку да се пошегува и испрати порака на T-Mobile која гласеше: „Ок, дајте ни прстен:)“ Нема потреба да се каже дека на Vodafone ова воопшто не им беше смешно и веднаш дадоа изјава во која се кажува дека Vodafone нема никаква врска со таа порака и дека ќе им биде драго да му помогнат на нивниот конкурент при решавањето на проблемот со мрежата. Тие исто така изјавија дека нивниот вработен се однесувал без дозвола и дека неговото дело било несоодветно.

Келнерот кој бил отпуштен откако го напуштил работното место да спаси киднапирана жртва
a97163_g109_6-carjacker

Келнерот кој ја напуштил смената за да спаси жена која била нападната од вооружен ограбувач на автомобили, бил отпуштен после херојското дело. 22 годишната девојка била нападната со нож пред ресторанот каде што работел Хуан Каналес. Каналес го забележал ова и тргнал да помогне. Тој го совладал ограбувачот и го држел заробен се додека полицијата не пристигнала. Но, откако Каналес се вратил на работа, неговиот шеф му кажал дека е отпуштен. Девојката која била спасена рекла дека не разбира зашто Каналес е отпуштен, на што менаџерот на ресторанот рекол дека Каналес можеби е херој, но е е добар работник.

Манекенката од 55 кг. која била отпуштена бидејќи била предебела
a97163_g109_7-fat-model

Филипа Хамилтон била отпуштена од компанијата Ralph Lauren бидејќи била предебела, а всушност таа имала само 55 килограми. Според неа и било кажано дека има зголемена тежина и дека веќе не ја собира во нивните алишта. Компанијата изјави дека таа е отпуштена „како резултат на нејзиното непочитување на обрвските која таа ги имала кон компанијата“. Филипа била изненадена кога си го видела своето тело дигитално променето за една колекција. Таа работела за компанијата од 2002 и ја сметала како второ нејзино смејство – сѐ додека не решија да ја отпуштат.

Судијката која беше отпуштена откако праќала смс за време на сослушување
a97163_g109_10-texting

Понекогаш праќањето смс пораки може да биде сериозен проблем. И понекогаш, не само тинејџерите се оние со немирни прсти. Таков е случајот со Даниел Грегори, која ја изгуби работата поради праќање пораки за време на сослушување во судницата. Со пораката, таа испратила и 3 нејзини слики на нејзин пријател. Супервизорот на Грегори, во својот дисциплинарен извештај, напишал дека таа испратила повеќе смс пораки за време на процесот.

Кошаркарскиот тренер кој победил со резултат 100 – 0 и не се извинил за победата
a97163_g109_3-coach

Тренерот Мика Гримс, чиј женски тим победи со 100 – 0, бил отпуштен бидејќи не се извинил за победата. Тој бил обвинет дека „дозволил играта да отиде надвор од контрола“. Но, тој изјавил во весник дека не се согласува со политиката на училиштето на женскиот тим и дека тие не треба да се извинуваат, ниту пак да се чуствуваат засрамени.

Учителката која добила отказ бидејќи не ја пеела заклетвата
a97163_g109_2-sign-document

Венди Гохавер ја изгуби својата работа како учителка еден ден кога одбила со нејзиниот клас да ја пее заклетвата, во која се колне дека ќе ја „брани“ територијата на САД и Калифорнија од „сите непријатели, странски и домашни“. Како роден пацифист, Гохавер се противела на заклетвата бидејќи според неа таа ѝ ги скратувала правата на слободен говор и религиозните права. Како алтернатива ѝ било понудено да ја потпише заклетвата ако ја сака работата. Таа одбила, со што и си го заслужи местото на оваа листа.
- Реклама -