Постојат толку многу болести, што некогаш е тешко да се поверува дека некому му се случува нешто до толку чудно, што наликува на лоша шега.
Во продолжение, ве запознаваме со дел од нив, имено, најчудните.
Капграс синдром: да се верува дека постои измамник во семејството
Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на
семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично
Синдромот на доктор Стрејнџлав:раце со свој живот
Синдромот на алиенизирана рака е неуролошко пореметување каде рацете на пациентот се чини дека добиваат свој сопствен живот. Некогаш тој не е свесен што прави со рацете, додека тоа не го привлече неговото внимание. Алиенизираните раце можат да изведуваат комплексни движења како на пример откопчување или пак соблакање на облеката.
Синдром на странски акцент:кога го зборувате вашиот јазик со акцент
Овој синдром предизвикува луѓето да го говорат нивниот мајчин јазик со одреден странски акцент, на пример, Македонец кој говори со американски акцент. Обично следи по одредено оштетување на мозокот, како мозочен удар.
Капграс синдром:да се верува дека постои измамник во семејството
Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично.
Трискаидекафобија:страв од бројот 13
Адолф Хитлер бил трискаидекафобичен. Специфичен страв од Петок 13-ти се нарекува параскаведекатрифобија.
Бигорексија:премногу вежбање
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување каде индивидуата станува опседната со тоа дека нивното тело не е доволно мускулно развиено.
Мускулната бигорексија кај индивидуите предизвикува:
– Нон стоп да се проверуваат во огледало
– Да станат вознемирени ако пропуштат вежбање
– Да земаат потенцијално опасни дроги(стероиди)
– Запоставуваат работа/врска/семејство поради вежбање
Библиоманија:собирање премногу книги
Библиоманија е опсесивно-компулсивно пореметување кое инволвира собирање книги до точка каде социјалните врски и здравјето се оштетени. Симптоми на оваа болест се купувањето на повеќе копии од истата книга или едиција и акумулација на книги која оди преку возможниот капацитет на користење.
Синдром на експлодирачка глава:силна врева во главата
Ова предизвикува пациентот повремено да искусува ужасно јака врева која наводно доаѓа од неговата глава, обично опишана како експлозија или грмење. Ова најчесто се случува час или два по заспивање, но не е резултат на сонувањето.
Трихотиломанија:потребата да се отстранува коса
Трихотиломанијата е карактеризирана со повторувачката потреба да се отстрани косата, трепките, брадата, пубичните влакна, веѓите или влакна од другите делови на телото.
Синдром Минхаузен:лажно боледување со цел да се придобие внимание
Кај овој синдром болниот се преправа, претерува, симулира или креира синдроми на болест со цел да придобие внимание, симпатија или комфорт кај медицинскиот персонал.
Целебрифилија:патолошка желба да се има секс со славна личност
Целебрифилијата е абнормално силна желба да се има романтична и/или сексуална врска со славна личност.