Жена ви закажала кафе и серија со сосетките кај вас дома, покрај тоа што знае дека сакате да гледате фудбал. Или пак на денот кога вие одите во кафана со другарите, таа не ви дозволува поради тоа што треба да се чисти цела куќа. А може едноставно е период на ПМС и вие мора да ќутите цело време, зошто што и да кажете ќе заврши со караница и пак вие ќе бидете криви. Еве неколку начини како да ги израмните сметките:
1. Отворете го фрижидерот и стегнете ги најако што можете, сите тегли.
2. Купете и марама за баби. Нешто што никогаш не би го носела. Кога ќе и го дадете поклонот кажете и дека, во моментот кога сте ја виделе марамата, ве потсетила на неа.
3. Престанете ВИЕ да избирате. За било што да се работи, кажете и дека ви е сеедно и сакате она да направи избор.
4. При крајот на денот, кога знаете дека нема да се смени ситуацијата со расположението, пред да си легнете спомнете и дека започнува да заличува на мајка и.
5. Кога ќе идете во “шопинг” во локалниот маркет, не ја купувајте марката што ви ја порачала. Едноставно купете некоја друга марка и кажете и дека тоа она што го барала го немало никаде.
6. Се договарате да одите некаде заедно, а тоа “некаде” нека го избере она, под изговор дека сакате да ве изненади.
7. Сте приметиле дека навистина се потрудила да го направи ручекот одличен. Дајте и комплимент. Драга, ручекот е скоро ист како на мајка ми.
8. Кога жена ви ќе се одмара од напорниот ден, пријде те и со молба за совет. Сакате да ставите на спортска мала кладба ама не сте сигурни за што да се одлучите. Дали за… и започнете ја вашата анализата за утакмицата што ќе се игра.
9. Приметувате дека е многу напната. Само кажете и да се опушти.
10. Приметувате дека повеќе од вообичаено се дотерува пред огледало и не може да се одлучи за ништо. Сугерирајте и да ја промени фризурата или бојата на косата. Откако ќе го направи тоа, кажете и дека ја утнала фризурата/нијансата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Доколку ги злоупотребите овие совети или пак ги искористите сите во краток период, нема да имате жена покрај вас.