Во несесерот направете место и за белото моливче, бидејќи токму тоа е клучот на неодоливиот поглед.
Иако црната за смета за неизоставен дел од шминката, време да ги погледнете нештата од спротивен – бел агол.
Шминкерите советуваат дека оваа пролет е вистинско време да се примени овој тренд.
Затоа, ви претставуваме 10 одлични начини да го користите белото моливче за очи.
1. Нанесете долга линија на горните трепки и во аглите на окото, за да постигнете ефект на заводлив поглед.
2. Нанесете поголем дел од црно моливче за очи во должината на горната линија од трепките, а потоа врвот, односно „опавчето“ од линија, од десната страна на очите нагласете го со тенка бела линија.
3. „Погледот како на мачка“ постигнете го со бела линија, извлечете и опавче, а потоа со четка за сенка размачкајте ја линијата над горните трепки. На овој начин ќе постигнете вашите очи да изгледаат одморено.
4. Искористете ги своите секојдневни make up рутини и класичната „мачкица“, надградете ја така што со бело моливче ќе нацртате тенка линија под долните трепки, но само до половина.
5. Горниот капак исенчете го со сенка во боја на песок, а потоа со бело моливче исцртајте линија под долните трепки.
6. За дневна варијанта, умерено исенчајте ги со белото моливче само внатрешните агли на окото.
7. Доколку сакате да експериментирате, испробајте превртено мачкино око. Со бело моливче исцртајте силна линија под долните трепки и извлечете опавче како и обично.
8. Доколку сакате со шминката да постигнете свеж и одморен изглед, линијата под долните трепки исцртајте ја тенка, а потоа ублажете ја со нежни потези, со помош на четка за сенка.
9. Исцртајте силна и дебела линија со бело моливче над горните трепки, но застанете на крајот од окото, не цртајте „опавче“.
10. Освежете ги очите – нагласете ги внатрешните делови, над црното моливче.