Прогнозата вели дека летото и високите температури се на повидок, па време е за соодветна облека и чевли кои ќе овозможат телото полесно да се излади.
Летните рамни сандали се најдобар „пријател“ и за топлите, и за дождливите денови во летниот период. Тие се практични и лесни за комбинирање, па затоа се задолжителен дел од секој инвентар, а со овие модели не можете да погрешите.