10 ликови од Симпсонс инспирирани од вистински луѓе

СимпсонсКако што секој знае, Симпсонс е анимирана серија креирана од Мет Гроенинг. Но дали сте знаеле дека речиси секој лик кој живее во Спрингфилд е инспириран од вистинска личност. Еве десет ликови, и луѓето кои ги инспирирале писателите.

Како што секој знае, Симпсонс е анимирана серија креирана од Мет Гроенинг. Но дали сте знаеле дека речиси секој лик кој живее во Спрингфилд е инспириран од вистинска личност. Еве десет ликови, и луѓето кои ги инспирирале писателите.

СимпсонсBleeding Gums Murphy

Изгледот на овој лик е базиран врз саксофонистот Лерој Мур, кој свирел во бендот на Дејв Метјус. Марфи е најверојатно создаден во чест на саксофонистот Сони Ролинс, кој се откажал од својата џез кариера за да може да свири сам на мост.

Bumblebee Man

Бамблби е инспириран од полуларен мексикански телевизиски лик, El Chapulin Colorado (Црвениот Штурец). Продуцентите на Симпсонс изјавиле дека секој пат кога ќе го вклучеле каналот Телмундо, Црвениот Штурец бил на телевизија, па затоа и Бамблби е секогаш на телевизија.

Чарлс Монтгомери Барнс

Најзлобниот милионер во градот е инспириран од повеѓе могули, меѓу кои се и претставници на фамилијата Рокфелер, но главната инспирација за ликот е Фредерик Олсен, повлечен могул кој поседувал повеќе компании. Дел од однесувањето на господин Барнс е инспирирано од еден од учителите на Мет Гроенинг од средно, господин Бејли. Изгледот на ликот е базиран на комбинација од Бери Дилер, основач на Фокс, и богомолка.

Доктор Џулиус Хиберт

Кога докторот првпат се појавил на серијата, не бил базиран на никого, но кога емитувањето на Симпсонс било преместено во истиот период со The Cosby Show, писателите почнале да го пишуваат докторот како ликот на Бил Козби, доктор Хаксабл.

Duffman

Директна инспирација за Duffman е суперхеројот Bud Man кој го промовира пивото Bud. Изразот “Oh Yeah” е од истоиментата песна на групата Јело која служи како химна на Duffman. Песната била популарна по тоа што била често користена за реклами во осумдесетите.

Кловнот Красти

Многу фанови на Симпсонс веќе знаат дека Кловнот Красти е инспириран од омилениот клон од детството на Гроенинг, Расти Нејлс. Од друга страна пак, малкумина знаат дека биографијата на Красти е базирана врз животот на комичарот Џеки Мејсон, син на ортодоксен рабин. Мејсон се има појавено во улогата на таткото на Красти што сигурно не му било лесно.

Мо Сизлак

Инспирација за Мо, писателите црпат од двајца луѓе, Луис „Ред“ Дојч, боксер кој станал бармен кој стана познат откако снимки од лажни телефонски повици до неговиот бар излегле на виделина. Двајца шегаџии од Џерзи Сити постојано му се јавувале, кога Луис сфатил што се случува почнал да се заканува на јавувачите и нивните семејства. Оваа ситуација се појавува во серијата преку телефонските повици на Барт до барот на Мо. Другата личност која е инспирација за Мо е комичарот Рич Хол кој бил близок пријател на еден од писателите.

Нелсон Манц и Џимбо Џоунс

Овие двајца школски насилници се инспирирани од ликот Џон Бендер од The Breakfast Club. Нелсон го добил името по Џад Нелсон кој го играл ликот, додека Џимбо е именуван по продуцентот Џејмс Л Брукс. Што се однесува до ликот, Нелсон е многу поблизок до Џон Бендер, дури има слична личност и сличен живот.

Професор Џон Фринк Џуниор

Ликот оригинално бил замислен како луд научник, но кога Хенк Азариа се подготвувал за снимање го имитирал чукнатиот професор на Џери Луис. Ова им се допаднало на сите, па писателите направиле мали измени за да го направат ликот помалку луд и почуден.

Трој Меклур

Иако лесно се гледа дека Трој е стеротип на пропаднат холивудски актер а не карикатура на специфична личност, неговото име е базирано на двајца малку познати актери: Трој Донахју и Даг Меклур. Ќерката на Даг има изјавено дека нејзиниот татко бил горд на честта да има лик именуван по него, и дека кога ја нервирал секогаш му враќала со „Трој“.

- Реклама -