Погледнете која жена родила најмногу деца, кој како и колку доживува оргазам…и други интересни работи поврзани со сексот.
Погледнете која жена родила најмногу деца, кој како и колку доживува оргазам…и други интересни работи поврзани со сексот.
Зашто го правите тоа?
Биологијата на мажот настојува да ги одржува своите гени: Руска жена во 18-тиот век го држи рекордот за најмногу родени деца – 69, таа имала 27 бремености кои вклучувале 16 пара близнаци, седум тројки и четири четворки. Но таа е „надмината“ од машкиот рекордер – Марокански император кој, според Гинис, “имал најмалку 342 ќерки и 525 сина и до 1721 тој имал 700 машки наследници“.
Дали големината е важна?
Опуштете се, момци. Не е важно што велат тие…филмови, во САД просечниот пенис во ерекција е 5 до 7 инчи долг и 4 до 6 инчи во обем.
(1 инч=2.54 цм)
Дали ви треба помош?
Речиси 5% од 40 годишните мажи и 15 до 25% од 65 годишните мажи доживеале ерективна неспособност.
Кога ја изгубивте невиноста?
Просечен маж ја губи невиноста на 16.9 години, додека пак жените на 17.4 години. Но, нова студија покажа дека и гените можат да бидат фактор: тие можат да направат личност да има поголема или помала желба за секс во раните години.
Дали имате удобен кауч?
Речиси еден од десет брачни парови – велат дека типично спијат сами.
Дали достигнувате оргазам секој пат?
Додека 75% од мажите достигнуваат оргазам секогаш додека имаат секс, само 29 проценти од жените го изјавуваат истото.
Врска без обврска?
Две третини од студентите биле во „врска без обврска“. Повеќе од половина што имале секс со партнерот изјавиле дека имале секс во сите форми, 22.7% велат дека имале секс, додека пак 8% изјавиле дека имале се освен секс.
Колку сексуални партнери сте имале?
Која е вашата бројка? Резултати добиени со испитување на возрасни меѓу 20 до 59 години се вакви: жените во просек имаат 4 секс партнери во текот на нивниот живот, додека пак мажите 7.
Дали земавте трудничко?
Две третини од жените кои го родиле своето прво дете помеѓу 2001 и 2003 работеле за време на својата бременост и 80% од тие жени работеле се до пред еден месец до породувањето. Споредено со периодот помеѓу 1961 и 1965: 44% од жените работеле за време на својата бременост(35% се до еден месец пред породувањето)
Дали сте заразени?
Најмалку 50% од сексуално активните мажи и жени ќе имаат генитална HPV инфекција во некој период од нивниот живот. HPV, или human papillomavirus се појавува во ниско ризична и високо ризична форма. Ниско ризичната форма се манифестира со мали генитални габички, додека пак високо ризичната форма со неколку видови на рак. Во 90% од случаевите, на имунолошкиот систем на телото му се потребни 2 години за да се избори со оваа болест.