10 интересни и уникатни кревети

научно фантастични креветиДали вашиот кревет ви изгледа премногу обичен и здодевен? Дали сакате да спиете на уникатен кревет, и уште поважно, дали се чувствувате како дете? Епа тогаш некој од овие кревети може да биде идеален за вас.

Дали вашиот кревет ви изгледа премногу обичен и здодевен? Дали сакате да спиете на уникатен кревет, и уште поважно, дали се чувствувате како дете? Епа тогаш некој од овие кревети може да биде идеален за вас.

уникатни кревети1. Y-Wing од Војна на Ѕвездите

Ако сте биле фан на класичната трилогија, тогаш овој кревет сигурно ќе ви се допадне. На два метри од подот, лесно ќе ви биде да си замислите како сте дел од ескадрилата која ја нападна Ѕвездата на Смртта.

уникатни кревети2. АТ-АТ

Еве уште еден кревет инспириран од Војна на Ѕвездите, или два. Овој АТ-АТ е дизајниран за поставување над секој стандарден двоспратен кревет, но само ќе ја влоши кавгата за тоа кој да спие долу а кој горе. Ако сте на вториот спрат не само што ќе спиете внатре во возилото, туку ќе можете да уживате во макета на која е прикажана Битката од Хот.

уникатни кревети3. Pac-Man

Овој кревет не е официјално Pac-Man кревет, ни па не е инспириран од играта, но изгледа многу слично на малото жолто топче кое јаде духови.

уникатни кревети4. Ајкула

Можеби сакате ајкули. Но спиење на кревет поставен врз голема бела ајкула која ја прави онаа од филмот да изгледа како кукла, е тоа е вистинска љубов кон ајкули.

уникатни кревети5. SNES

Инспирирано од една од најпопуларните конзоли на Нинтендо, Super Nintendo Entertainment System, овој кревет е сигурно многу популарен кај гејмерите.

уникатни кревети6. Millennium Falcon

Кајла Кромер сигурно има добиено многу понуди за брак само зашто го направила овој кревет. А и фактот што е облечена како принцезата Леа сигурно не штети.

уникатни кревети7. Napshell

Оваа направа е одлична за одмарање за фанови на научна фантастика. Дизајнот на Napshell изгледа чудно. Но се во иднината е такво, нели?

уникатни кревети8. Диносаурус

Совршен за секој десет годишен фан на Паркот Јура, или палеонтологија. Само не е јасно дали устата се затвара.

уникатни кревети9. Ковчег од Ѕвездени Патеки

Не мора да носите црвена блуза за да спиете во овој кревет. Вашите пријатели и семејството најверојатно нема да се согласат со вашиот избор, но вистинските фанови на Ѕвездени Патеки се навикнати на тоа.

уникатни кревети10. Компјутерско биро

Кој не би сакал да спие и работи на исто место? Овој повеќенаменски кревет се трансформира во работно место без да ја преуредувате целата соба.

- Реклама -