Со векови поетите и уметниците го негувале култот кон вистинската љубов, верноста, мајчинството и на крајот дојдоа биолозите и го дадоа конечниот збор… и расипаа се. На кого ќе верувате, останува на вас. На крајот – се е хемија.
Со векови поетите и уметниците го негувале култот кон вистинската
љубов, верноста, мајчинството и на крајот дојдоа биолозите и го дадоа
конечниот збор… и расипаа се. На кого ќе верувате, останува на вас.
На крајот – се е хемија.
1. Од гените зависи дали мажите ќе бидат верни
Ова е единствен случај кога големината навистина е важна во изборот на партнер за долга врска. Мажите со најдолгата варијација на еден одреден ген кој има 17 различни големини, се најлојални и може најмногу да им се верува.
2. Сите се раѓаат со „женски“ мозок
Од зачнувањето до девет недели на развојот мозокот, фетусот ја има структурата на „женскиот“ мозок. После девет недели хормонот тестостерон го претвора овој првичен андрогин мозок во машки убивајќи некои од ќелиите во центарот за комуникација, на сметка на што почнуваат да се развиваат центрите за секс и агресија.
3. Жените не се повеќе склони кон тоа да бидат верни отколку мажите
Жените потсвесно го бараат мажот со најдобри гени за да биде татко на нивното дете. Симетричните лица се знак за добри гени, па оттаму жените се повеќе склони кон мажи со симетрична конструкција. Кога жената е без партнер, таа посвесно го бара човекот што со кого ќе основа семејство и кој ќе го заштитува истото. Откако ќе се основа семејството, биолошката потреба за да го најде човекот со најдобри гени кај жената се уште постои.
4. Мајките „се вљубуваат“ во своите бебиња
Истражувањата покажале дека кога мајките ги дојат и негуваат своите бебиња, кај нив се излачува хормонот допамин, односно истиот хормон за задоволство што се излачува во романтична врска.
5. Без ладни нозе
За жената да доживее оргазам за време на сексуалниот однос, треба да биде исклучен центарот за страв и стрес во мозокот. На жените треба да им биде удобно и нивните нозе да бидат топли пред да имаат секс.
6. Природата си го прави своето
Од интензивна љубовна врска кон помалку страсна долга врска е природен стадиум каде кај партнерите се намалува фокусот од еден кон друг за да можат да се фокусираат на одгледување деца.
7. Женскиот мозок е повеќе вешт во читањето на суптилните фацијални и вербални емоционални експресии
Мажите, од друга страна, не можат да ги прочитаат емоциите – дури откако ќе видат солзи тие ќе забележат дека нешто не е во ред. Оттаму жените, пак, повеќе плачат од мажите, да сигнализираат на начин кој мажите не можат да го игнорираат.
8.Љубовта боли – во буквална смисла
Одбивањето во љубовта ги активира истите центри во мозокот како и за физичката болка
9. Менопаузата е резултат на губењето на мајчинските афинитети кај жената
На возраст околу 43 години, женскиот мозок се менува со тоа што станува помалку чувствителен на естроген и окситоцин, хормоните за мајчинска нежност, и заради тоа жените се помалку склони кон тоа де се грижат за некого, да се поврзуваат или да воспоставуваат блиски односи одошто биле порано. Тоа најдобро го чувствуваат тие што ќе се најдат во нивна близина.
10. Жените се дури и половина помалку од мажите склони кон хомосексуалност
Проценето е дека 5-10 проценти од женската популација ги привлекуваат партнери од истиот пол, но женскиот мозок е за една половина помалку од машкиот мозок склон кон хомосексуалност.