10 хартиени работи и нивните дигитални алтернативи

digitКога беше последен пат кога напишавте чек од 1.200 денари? 2004? Јасно е дека живееме во дигитален свет во кој секој ден има нешто ново да се види. Со толку многу нови изуми и дигитализација на старите, веќе е апсурдно да користиме работи како што е пишаниот чек. Ама за жал сеуште постојат, како и многу други работи кои можеме лесно да ги дигитализираме со што ќе заштедиме на хартија, време и пари.

Кога беше последен пат кога напишавте чек од 1.200 денари? 2004? Јасно е дека живееме во дигитален свет во кој секој ден има нешто ново да се види. Со толку многу нови изуми и дигитализација на старите, веќе е апсурдно да користиме работи како што е пишаниот чек. Ама за жал сеуште постојат, како и многу други работи кои можеме лесно да ги дигитализираме со што ќе заштедиме на хартија, време и пари.
Подолу можете да видите 10 секојдневни печатени работи кои требаше до сега да постојат единствено во дигитална форма.

Чекови

Конечно дојдовме до тој ден кога веќе не постојат бесконечни редици пред банката од луѓе кои се обидуваат да кешираат чек. Малку бизнис компании во денешно време би прифатиле чек  отколку кредитна картичка. Исто така, се чека многу додека да бидат прифатени а постои и шанса за измама.

10-checks

Алтернативи: Кредитни картички, електронски чекови, PayPal.

Пари


Време е да се помириме со фактот дека парите полека изумираат и требаше да се исклучат од употреба уште на почетокот на овој век. Денеска во САД се принтаат 38 милиони банкноти дневно, а тоа е премногу потрошена хартија. Банкнотите имаат многу мала својствена вредност. Во свет во кој дигиталната технологија е во подем, логично е да заштедиме на целиот тој процес на транспортација на банкнотите, просторот кој го завземаат и потрошеното време. Треба едноставно да користиме дигитални пари.

10-money

Алтернативи: Користење на новите мобилни телефони за плаќање, кредитни картички, QR или бар кодови, peer-to-peer апликации за електронско плаќање.

Авионски билети

Од неодамна, авионските компании конечно се откажаа од оние грди големи билети во повеќе бои и текст тежок за читање. Кога авионските компании поминуваат низ толкава мака да не скенираат, ни ги чуваат податоците во компјутер, проверуваат идентификација и тоа повеќе пати, зошто да носиме парчиња хартија со нас?

10-airline

Алтернативи: Електронски билети или мобилен телефон, лична или кредитна картичка, скенери на очи.

Возачки дозволи

Зошто мора идентификацијата да биде отпечатена на карта? Проверка на отпечаток од прстот како технологија постои со декади, а ако сте го гледале “Minority Report” филмот, знаете дека иднината на проверка на идентитет лежи во скенерите на очи (се додека не измислат црн пазар за нивна замена). Во денешно време исто така, луѓето не се делат од својот мобилен телефон. Многу полесно, попристојно, како и поатрактивно би било да го користиме како алатка за идентификација.

10-license

Алтернативи: Мобилни телефони како примарна форма за идентификација, скенери на очи, скенери на отпечатоци од прсти.

Патни исправи

Горенаведеното важи и за патните исправи или пасошите. Ако владините агенции и авионските компании најдат начин да ги синхронизираат податоците, ќе можат конечно да се ослободат од онаа мачна работа на проверување/пишување документи. Целата процедура би се извела многу побрзо и поефтино.

10-passport

Алтернативи: Мобилни телефони како примарна форма за идентификација, скенери на очи, скенери на отпечатоци од прсти.

Бизнис картички

Не постои ништо по примитивно во 21-от век од давање на вашето име и е-мејл адреса на парче мртво дрво. Без разлика, веднаш потоа таа информација ќе биде запишана електронски помеѓу сите други контакти и нивните е-мејл адреси. Постојат апликации на нашите мобилни телефони кои овозможуваат споделување на информации со само еден клик.

10-businesscard

Алтернативи: Апликации на мобилните телефони, само запишете во вашиот телефон.

Сметки

Дали некогаш ви се случило да зачувате сметка, откако ќе купите нешто, иако не ви е потребна? Или едноставно ја фрлате во првата корпа на која ќе наидете? Сметките во иднина ќе ви бидат испраќани на вашата е-мејл адреса. Побезбедно и покорисно е ако ги чувате вашите сметки на овој начин. Исто така нема да ви завземаат место. Како што напредуваат телефоните, ќе можете да ја видите таа сметка директно од вашето електронско сандаче на самото место.

10-receipt

Алтернативи: Е-мејл, мобилни телефони.

Сообраќајни казни

Би било многу полесно казнувањето ако полицаецот ја види регистарската табличка, го внесе бројот во својот телефон, прикаже докази за сторениот прекршок (со мерач или видео камера) и автоматски да ви стигне казната на е-мејл. Исто така треба да постои електронско плаќање на овие казни во самиот момент.

10-parking

Алтернативи: Е-мејл со закачено видео и документација за прекршокот.

Флаери и постери

Веќе станува навистина грдо да го гледаме целиот град поклопен од грди хартиени постери кои со време се кинат и уништуваат. Во ова време, најлогично би било насекаде да има дигитални екрани и секој да може да купи простор за рекламација. Уште поубаво би било ако можеме да пратиме реклама во кога сакаме преку нашите телефони.

10-flyers

Алтернативи: Дигитални екрани.

Весници

Весниците се можеби најголемиот извор на вести и информации во целиот свет. Сега конечно во 21-от век, за разлика од се погоре, можеме слободно да кажеме дека го гледаме крајот на печатениот весник. Иако луѓето денеска почесто читаат весници на интернет, во САД на пример се печатат по 60 милиони примероци дневно. Ако можеме сето ова да го прочитаме побрзо и полесно на интернет, тогаш зошто да уништиме цела шума само за оваа дневна испорака?

10-newspapers

Алтернативи: Веб сајтови на компании, блогови, таблет уреди.

- Реклама -