10 чудни вреќи за спиење

Повеќе...Ако сакате да купите вреќа за спиење, но се уште не сте се одлучиле каква – прво погледнете ги овие. Практични, а истовремени и многу интересни. Кој вели дека не можете да бидете кул на кампување? 🙂

Ако сакате да купите вреќа за спиење, но се уште не сте се одлучиле каква – прво погледнете ги овие. Практични, а истовремени и многу интересни. Кој вели дека не можете да бидете кул на кампување? 🙂

Напад од ајкула
a97103_g071_1-shark-bag

Всушност, оваа вреќа се вика „ChumBuddy“. Дизајнер е 19 годишната Кендра Филипс. Висока е 2 метри, рачно шиена и полна со меки материјали. Чини 199 долари, но дали можете да ставите цена на нешто толку восхитувачки?

Спиење во мечка

a97103_g071_2-bear-bag

Загрижени дека ќе бидете изедени од мечка додека спиете на отворено? Веќе немора да се грижите, бидејќи со оваа вреќа вие сте мечката. Но, внимавајте на ловџиите:)

Tauntaun вреќа за спиење
a97103_g071_3-tautan-bag

Оваа вреќа во облик на Tauntaun (лик од Star Wars) првпат беше направена како шега на 1 Април, но побарувачката беше голема па решија да ја направат и за продажба. Сè што фановите на Star Wars сакаат – тоа и го добиваат. Совршена за преживување на ниски температури. Се пере во машина и чини само 99.99 долари.

Спиење во ковчег
a97103_g071_4-coffin-bag

Ова е можеби најморничавата вреќа за спиење која што сте ја виделе. Но, ако го сакате готскиот стил, совршено ќе ви прилега. Може да се искористи и за исплашите вашите пријатели во ноќта. Посебно ако е Ноќ на вештерките:)


Адам и Ева

a97103_g071_5-adam-eva

Овој дизајн е дело на  Алона Макеева, која го направи за својата дипломска работа, чија тема беше „Дизајнирање за подобар брак“. Во внатрешноста на оваа „Адам и Ева вреќа за спиење“ има 12 панели за повеќекратна употреба. На нив можете да си напишете дневник за вашата романтична екскурзија,  да ги копирате своите омилени љубовни поеми, да цртате… Со други зборови, во оваа вреќа можете да правите сè што ќе ја зајакне вашата љубов. Вие си знаете што е тоа:)


Јапонска вреќа за спиење… и одење

a97103_g071_10-japanese-suit

Со оваа вреќа за спиење ја имате предноста која ја немате со конвенционалната вреќа. Односно, оваа вреќа ви овозможува да одите без да излезете од неа, но – не можете да ги користите рацете. Која корист од вреќата тогаш? Па, на пример… брзо да избегате од нешто/некој?

Кожурец
a97103_g071_8-cocoon

Погледнете го ова дело на Џон Мориарти и Бил Харни. Тоа е всушност концепт за брзо засолниште, наречено „Кожурец“, односно инстант засолниште кое може да се закачи на дрво или пак на раб од карпа.

Мртов човек
a97103_g071_7-cadaver-bag

Необична и невкусна вреќа за спиење. Трагедијата е што овие се создадени за време на несреќата во Хаити, кога некој решил да направи профит од тоа, продавајќи 2.000 вакви вреќи. Логото беше: „Спиење од кое никогаш нема да станете“.

Магична вреќа за спиење
a97103_g071_6-expensive-therapy-bag

Оваа чудна вреќа за спиење овозможува терапии на вашето тело, како на пример, сауна, млазеви со вода како и освежување со пареа. Наречена е „O2 Planet’s Oxygen Detox“ и доколку сакате да уживате со овој систем за убавина ќе треба да одвоите 4.995 долари за специјалната верзија и 4.595 за обичната верзија.

Вреќа за спиење во форма на костум
a97103_g071_9-bag-suit

Вреќите за спиење се супер, но нели го мразите излегувањето од нив? Сoо SELK вреќата-костум не морате. Имаат и патент – за да избегнете непријатни ситуации:) Доаѓаат во различни бои, па сè што треба е да си ја одберете вашата. Но, и практични се: штитат од замрзнување и хипотермија, ако сте изложени на екстремни временски услови. Можете да ја имате за 149 долари.
Прочитајте и:  Најмногу срцеви удари се случуваат во РЕМ-фазата на сонот
- Реклама -