🎥Вежба која жените над 40 години треба да ја прават секој ден

Педесет и шест-годишната фитнес тренерка, Петра Генко, споделува серија корисни и едноставни вежби на TikTok за жени над 40 години кои не вежбале со години. Овој пат таа сподели едноставна, но корисна вежба која ќе им помогне на жените да го изгубат салото од стомакот со текот на времето.

Како и повеќето нејзини видеа, таа го препорачува ова првенствено за жени над 40 години, но секој може да ја прави оваа вежба. Станува збор за вежба за кревање на колена, а за изведување на вежбата потребно е да застанете пред маса или друг подигнат предмет на кој ќе ги потпирате рацете. Тогаш е неопходно да се подигне едната нога, па другата.

Прочитајте и:  Осаменоста влијае на здравјето: Друштвото и поврзаноста се исто толку важни како и храната и пијалокот, негувајте ги

Генко во видеото напиша дека вежбата мора да се прави една минута, а потоа истата постапка да се повтори уште четири пати. Така, оваа вежба, која Генко им ја препорачува на жените да ја прават наутро, ќе ви одземе само пет минути дневно.

@petragenco

Use this easy move if you haven’t exercise in years to blast that belly fat!

♬ Get Ur Freak On – Missy Elliott

- Реклама -