Акциите на јапонскиот стартап „Astroscale“ во понеделникот пораснаа за дури 19 отсто откако комапнијата која изведува мисии во вселената објави дека ќе потпише договор вреден над 73 милиони евра со јапонската вселенска агенција.
Astroscale соопшти дека ќе потпише петгодишен договор со собирање на отпад од земјината орбита. За таа цел тие ќе развијат ново вселенско летало, ADRAS-J2 кое ќе биде опремено со роботски раце за „фаќање“ на вселенскиот отпад.
Целта е да започнат со собирање на остатоците од сателити и други вселенски тела во март 2029 година, се наведува во соопштението на компанијата.
Вселенскиот отпад станува се поголем ризик за мисиите во вселената, бидејќи бројот на сателити во орбинатата постојано расте. Последниот случај во кој е зголемен ризикот од судир со вселенски отпад е предизвикан од кинеската ракета која се распадна во вселената на почетокот на август и создаде повеќе од 700 парчиња кои сега кружат во земјината орбита.
Извор: ХРТ