Турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ го отворија легендите на Вардар-резултати и распоред


На 1 септември почна турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ кој годинава одбележува јублилеј 20 години.

Турнирот с е одржува во Скопје во Карпош 1.

На отворањето на турнирот на фудбалското игралиште „Сокол“ во Карпош 1 се одигра ревијален натпревар меѓу легендите на ФК Вардар.

„Оваа година е многу значајна за нас како организација, затоа што нашиот роднина, другар, пријател…, Оливер Соколов – Сокол по многу работи е поврзан со ФК Вардар. Оттука упатуваме голема благодарност до легендите на ФК Вардар кои изразија желба токму оваа година да се соберат и да го одбележат отворањето на Сокол2вин 2024.
Легендата не е само личност, таа е мит, наследство и извор на инспирација за сите кои се осмелуваат да сонуваат! За да станете спортска легенда, мора да имате срце на шампион и душа на воин“, пишува на страницата на Фејсбук на „Оливер Соколов-Сокол.

- Реклама -