Стеф Кари е најплатениот кошаркар на светот, го следат Ембид и Јокиќ


Стеф Кари, е најплатениот кошаркар во НБА лигата. Американецот како кошаркар на Голден Стејт има заработка од 55,8 милиони долари годишно, што го става убедливо на врвот на листата на најдоброплатени кошаркари во НБА.

Зад него со идентична заработка се уште две големи ѕвезди на лигата, Џоел Ембиид и Никола Јокиќ, кои годишно инкасираат 51,4 милиони долари.

ТОП 7 – НАЈПЛАТЕНИ КОШАРКАРИ ВО НБА:

Стеф Кари – 55,8 милиони долари

Џоел Ембид – 51,4 милиони долари

Никола Јокиќ – 51,4 милиони долари

Бредли Бил – 50,2 милиони долари

Кевин Дурент – 49,9 милиони долари

Девин Букер – 49,2 милиони долари

Карл-Ентони Таунс – 49,2 милиони долари

- Реклама -