Секое трето дете во светот денес пати од кратковидост


Глобално истражување од кое резултатите се беа објавени во стручното списание British Journal of Ophthalmology а во кое учествувале повеќе од пет милиони деца и тинејџери од 50 земји од сите шест континенти, покажаа дека нивниот вид постојано се влошува и затоа денес секое трето дете боледува од миопија или не гледа јасно предмети на далечина.

Истражувачите велат дека ограничувањата наметнати за време на пандемијата на коронавирусот имале многу негативно влијание врз развојот на видот кај децата и тинејџерите, со оглед на тоа што тие поминуваат многу повеќе време пред екраните, а многу малку на отворено.

Миопијата, или кратковидоста, станува сѐ поголем јавно здравствен проблем на глобално ниво што ќе влијае на уште милиони деца до 2050 година, предупредува студијата.

Највисоки стапки на миопија кај децата се забележани во Азија, од кратковидост патат 85 отсто од децата во Јапонија и 73 отсто во Јужна Кореја, а повеќе од 40 отсто имаат таков проблем во Кина и во Русија.

Најниска стапка на кратковидост е забележана кај младите во Парагвај и Уганда – околу 1 процент, а во Обединетото Кралство, Ирска и САД од неа страдаат околу 15 проценти од тинејџерите и помалите деца.

Истражувањето покажа дека миопијата кај младите се тројно зголемена помеѓу 1990 и 2023 година, кога се искачи на 36 проценти, а „значително зголемување“ на кратковидоста кај децата е забележано особено по пандемијата на коронавирусот.

Миопијата обично започнува во детството, за време на основното училиште, и има тенденција да се влошува додека органот на окото не престане да расте, што е околу дваесетгодишна возраст. Ако не се открие и не се лекува, обично брзо напредува. Раната интервенција за спречување на миопија може да ја забави или дури и да ја запре прогресијата на миопијата кај детето.

Веројатноста за развој на миопија е поголема во Источна Азија и зависи од генетското наследство, како и од други фактори, како што е исклучително малата возраст (две години) кога децата го започнуваат своето образование во градови како Сингапур и Хонгконг. Ова значи дека веќе на рана возраст, децата поминуваат повеќе време фокусирајќи се на читање или на екраните, што ги оптоварува очните мускули и може да резултира со развој на миопија кај некои, покажа истражувањето.

За разлика од Азија, во африканските земји каде децата почнуваат на училиште на возраст од шест до осум години, миопијата е седум пати поретка.

Најголема штета на очите на децата предизвика карантинот воведен за време на пандемијата на коронавирус ширум светот. Тогаш милиони деца беа принудени да останат предолго во своите домови.

„Доказите што ги собравме укажуваат на потенцијална врска помеѓу пандемијата и забрзаното влошување на видот кај младите возрасни“, напишаа истражувачите, додавајќи дека до 2050 година, состојбата може да влијае на повеќе од половина од тинејџерите ширум светот.

Исто така, интересно е да се забележи дека девојчињата и младите жени се повеќе изложени на развој на миопија отколку момчињата и младите мажи, бидејќи повеќето од нив поминуваат помалку време на отворено, без разлика дали се работи за активности на училиште или дома, покажа студијата.

Исто така, треба да се напомене дека развојот на девојчињата, односно пубертетот, започнува порано, што значи дека тие се повеќе склони кон миопија од момчињата на порана возраст.

Иако се очекува дека до 2050 година најмногу деца и тинејџери кои страдаат од кратковидост ќе живеат во Азија во споредба со сите други континенти и ќе се однесуваат на речиси 69 проценти од младите луѓе, научниците велат дека во земјите во развој оваа бројка може да достигне и до 40 проценти.

- Реклама -