Прекин на дербито, петарди пукнаа до играчите на МЗТ


Навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ имаа свое шоу кое ги натера играчите на двата тима да се повлечат од теренот.

Освен стандардните песни едни против други, во еден момент од трибината на „Фемили“ полетаа ролни од фискални сметки кои бргу го покрија тој дел од теренот.

На тоа имаше одговор од „ЦПБ“ со пиротехнички средства. Една од петардите падна во непосредна близина на кошаркарите на МЗТ Скопје и пукна буквално на метар од нив.

Тоа ги натера кошаркарите на шампионот да се повлечат во соблекувалната.

- Реклама -