Младите Тетовци го сакаат стрипот

Како дел од грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE” ,финансиран од страна на ОБСЕ-Мисија Скопје, на 21 .06.2024 во просториите на Уметничката Галерија Тетово (стариот АМАМ) се отвори изложба од делата на тематскиот стрип конкурс на национално ниво. Воедно, беа доделени дипломи и сертификати за учениците, менторите и училиштата од овој град, коишто беа вклучени во овој грант.

Како што истакна Томе Трајков-координатор на грантот и Стрип центар на Македонија-Велес , масовноста прокламирана на конкурсот(263 пријавени ученици) како и посетата на изложбата во Тетово е доказ за исправноста на заложбата за соработка со училиштата, како и отварање на стрип  јадра во секој град. Последниве 20 г во Македонија е придвижен процес на своевидна стрип еволуција ,видливоста на резултатите е се повеќе изразена.Квантитетот раѓа квалитет , но и потенцијална читачка публика којашто треба да се насочи кон националната стрип култура а тоа се секако домашните стрип автори и изданија.

Заради насочување на јавноста и институциите кон домашниот стрип и можностите којшто истиот го нуди во социјалната сфера, во склоп на грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE” ќе се организира пригоден стрип настан во Скопје, како државна метропола.Истиот ќе се изведе после летниот распуст-нагласува Трајков!

- Реклама -