Мик Шумахер ја напушта улогата на резерва во Мерцедес


Мик Шумахер, син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на крајот од актуелната сезона ќе ја напушти позицијата резервен возач на тимот на Мерцедес.

Мик Шумахер беше резерва во Мерцедес во последните две сезони откако го загуби возачкото место во Хаас.

„Тешко ми е да гледам трки и да не бидам во пилотската кабина. Би сакал целосно да се фокусирам на трките, спортската страна на мотоспортот. Како возач, она што навистина го сакате е трките”, објави Шумахер без да ги открие своите идни планови.

- Реклама -