Ла Лига: Реал се израмни со Барса, Селта победи со два игача помалку


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во дербито од деветто коло од шпанската лига на својот „Сантијаго Бернабеу“ против Виљареал со 2:0/

Во 14. минута Лика Модриќ изведе корнер и во очигледно увежбаната акција го пронајде Феде Валверде, кој со удар од дистанца ја погоди мрежата на Виљареал. Победата во 73. минута ја потврди Винисиус на додавање на Валверде, додека гостите ја пропуштија најдобрата шанса во 16. минута кога Николас Пепе ја погоди гредата. Победата беше донекаде нарушена со тешката повреда на коленото на Дани Карвахал во втората минута од судиското надополнување.

Реал сага се израмни на врвот на табелата со 21 бод во однос на лидерот Барселона, која има натпревар помалку. Виљареал е трет со 17 бодови.

Фудбалерите на Селта од Виго го победија Лас Палмас со 1:0 иако имаа двајца играчи помалку речиси цело полувреме. Борха Иглесијас го постигна победничкиот гол за Селта во 28. минута, потоа Илај Мориба доби црвен картон во 54. минута, додека неговиот соиграч Иаго Аспас беше исклучен две минути подоцна. Сепак, и со двајца играчи повеќе во последните 34 минути, „фенерцијата“ Лас Палмас не успеа да постигне гол.

Селта е деветта на табелата со 13 бодови, додека Лас Палмас е последен со три бода.

Рајо Ваљекано победи со 2:1 на гостувањето кај Ваљадолид. Селим Амалах му донесе предност на Ваљадолид со гол во 51. минута, а Хорхе де Фрутос израмни со голот шест минути подоцна. Стрелец на победничкиот гол за Рајо беше и Фрутос во 80. минута.

Рајо Ваљекано е осми на табелата со 13 бодови, додека Ваљадолид е 19-ти со пет бодови.

- Реклама -