Копа Америка: Аргентина обезбеди четвртфинале


Актуелниот светски шампион во фудбал и бранителот на титулата во Копа Америка – селекцијата на Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето на овогодинешното континенталното натпреварување по само два натпревара во групата А мечот од 2. коло во Источен Радерфорд на кој го совлада Чиле со минимални 1:0 (0:0).

Стрелец на единствениот гол на дерби натпреварот во групната фаза беше Лаутаро Мартинез во 88. минута.

Блиску до пласман во четвртфиналето е и Канада, дебитант во ова натпреварување, откако во Канзас Сити го совлада Перу со 1:0 (0:0) со голот на Џонатан Дејвид во 74. минута.

По две кола, Аргентина води со шест бода, Канада е втора со три, додека Чиле и Перу се на дното со по еден бод.

Во 3. коло за четири дена играат Аргентина – Перу и Канада – Чиле.

- Реклама -