Започнаа подготовките на женската ракометна репрезентација пред ЕП


Македонската женска ракометна репрезентација денес и официјално стартуваше со подготовките за Европското првенство, кое ќе се одржи во Австрија, Унхарија и Швајцарија.

„Црвено-жолтите“ се во групата А заедно со селекциите на Шведска, Унгарија и Турција, а мечевите ќе ги играат во Дебрецин.

На списокот има вкупно 21 ракометарка и нема поголеми промени во однос на составот што настапуваше и на изминатите натпревари. Пошироката листа составуваше вкупно 35 ракометарки.

Македонската женска ракометна репрезентација ќе се подготвува на „Кроација Куп“, кој ќе се одржи во хрватскиот град, Пореч.

Нашите девојки ќе бидат дел од турнирот каде се уште селекциите на Србија и Хрватска, a најпрво ќе се соочиме со нашиот северен сосед на 23 ноември.

Македонија на ЕП најпрво игра со Шведска на 28 ноември, два дена подоцна се среќаваме со Турција, а последниот меч од групната фаза против Унгарија ќе се одигра на 2 декември во 18:00 часот. Останатите два меча се во терминот од 20:30 часот.

- Реклама -