ЕУРО 2024: Франција го исполни планот и го освои бодовите против Австрија


Француската фудбалска репрезентација со победа го отвори Европското првенство, во првото коло од групата Д ја совлада Австрија во Дизелдорф со минимални 1:0 (1:0).

Пгодокот вреден три бода врусшност беше автогол на Максимилијан Вебер во 38. минута, по центаршутот на Килијан Мбапе. Најдобриот француски играч се повреди во самиот финиш на натпреварот. Со глава го удри Дан во рамото и го повреди носот. Со многу крв мораше да го напушти тревникот на Диселдорф Арената.

Очекувано, Франција го отвори натпреварот со напаѓачки излети на противничката половина и првата закана се случи по акцијата на Мбапе, во осмата минута. Профуче по левата страна и упати центаршут кон поблизок агол, но австрискиот голман Пенц беше подготвен за таков обид.

Во 13. минута Франција повторно се закани по левата страна. Тео Ернандез испрати употреблива топка пред голот на Австрија, на која никој не реагираше а таа мина паралелно со гол-линијата. Тоа беа единствените две реални шанси на Французите, чии напади потоа лесно ги одбиваше австриската одбрана, која беше густа, одлучна и многу организирана.

Играта продолжи со бавно темпо сѐ до 37. минута кога Австрија ја имаше првата голема шанса на натпреварот и беше блиску до водство. Забицер одлично му ја спушти топката на Баумгартнер, кој изби сам пред Мењан, но потоа се сплетка и многу лошо ја зафати топката, која го погоди францускиот голман и не заврши во мрежата.

Многу брзо следеше казната на спротивната страна. Прво Австријците се изнамачија без да ја исфрлат топката надвор од опасната зона, а потоа Мбапе дојде до топката. Овојпат ја проби десната страна, ја сврти топката во шеснаесетникот, а топката во глава го погоди австрискиот дефанзивец Вебер и заврши во мрежата за Французите 1:0 во 38. минута.

Од почетокот на второто полувреме Австријците прилично ги поместија сите линии кон противничкиот гол. Ја презедоа иницијативата и тргнаа на израмнување, но таквиот став автоматски им отвори многу повеќе простор во одбраната. Дека таквата сртатегија на противникот е идеална всушност за Мбапе се виде во 55. минута кога Французинот зад себе ја остави комплетната одбрана на Австрија, но на крајот оставен сам пред австрискиот голман шутираше покрај стативата.

Австрија продолжи да притиска, но повторно се создаде посериозна шанса на другата страна. Турам имаше добар удар во 67. минута, но Пенц го спречи неговиот обид. Неколку минути подоцна Турам повторно се обиде, по брза и прецизна акција на нападот на Франција, но потоа беше уште понепрецизен.

Турам имаше нова шанса во 83. минута, но неговиот удар беше преслаб за австрискиот голман, додека Мбапе поради повреда на носот мораше да ја напушти играта во самиот финиш на натпреварот. Долгата завршница на натпреварот мина со многу нервоза и без реални можности, па Франција ги задржа стартните три бода во првенството.

Во оваа група, Холандија во неделата ја победи Полска со 2:1. Во петок во второто коло ќе играат Полска – Австрија и Холандија – Франција.

- Реклама -