Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска

По првиот дел од нејзината летна турнеја низ Балканот и по успешните настапи во СКЦ Крагујевац, Осијек и фестивалот WMN Amplified во Вараждин, Дина Јашари продолжува со настапи на четири фестивали во Хрватска.

Триото составено од Драган Теодосиев (тапани) и Лука Тошев (гитара) и Дина како вокалиста и кантавторка, својата летна турнеја ќе ја реализираат на четири островски фестивали и тоа ТАМ ТАМ Фестивал на Хвар, Зларин Стрит Фестивал на островот Зларин, на МАРС МЉЕТ во Бабино Поље на Мљет и на фестивалот ЛАстово – остров на музиката на островот Ластово.

На фестивалот МАРС Мљет во Хрватска, Дина Јашари настапува втора година, со тоа што оваа година, таа заедно со  Лука Тошев ќе учествува во склоп на работилниците на фестивалот.

Ќе настапуваат заедно и на концертите на Димитрије Димитријевиќ од Србија, соло концертот на Владимир Мичковиќ и заедно со  МАРС ОРКЕСТАР во кој членува и познатата артистка Сара Ренар.

Последниот настап на Дина Јашари во Скопје беше за време на фестивалот Прво па Женско во Музеј на современа уметност на 1ви јуни годинава, каде за прв пат го претстави новото трио.

Изминативе години Дина постигна големи успеси  со бројни настапи во Македонија (Today It’s all about jazz, CinEdays 2021,  Земјотрес, PIN Music Conference, Д Фестивал) но и надвор од Македонија на фестивали како EXIT (Нови Сад), MENT (Љубљана), WIANKI (Краков) и како предгрупа на бендот Елементал во СЦ Шалата во Загреб по повод нивниот јублиеен концерт за 25 години постоење на бендот.

Во 2022 година Дина Јашари ја освојува и наградата Милан Младеновиќ за песната Дома и ја остварува својата прва соработка со Дуке Бојаџиев на песната Убав ден.

Дина Јашари е и дел од составот ЕФТЕРКЛАНГ: Македониум Бенд кој ќе настапи годинава на отворањето на филмскиот фестивал Синедејс во МКЦ, по успешните концерти во Крушево и Копенхаген на фестивалот CPH:DOX.

- Реклама -