Десет месеци затвор за крадецот на статуата на Брус Ли од Мостар


Крадецот на статуата на филмската ѕвезда и кунг-фу мајстор Брус Ли од центарот на Мостар, судот во овој град во Босна и Херцеговинаго осуди на десет месеци затвор, соопштено е во средата.

Општинскиот суд во Мостар ја прифати спогодбата на Обвинителството на Херцеговско-неретванската жупанија со 46-годишниот сторител, кој и претходно бил познат по низа други кривични дела.

Со пресудата е утврдено дека Д.П. најпрво ограбил продавница во која украл алат, по што на почетокот на март годинава во Градскиот парк Зрињрвац ја отсекол бронзена статуа на Брус Ли, ја зел и ја исекол за да ја продаде како секундарна суровина.

Недолго потоа полицијата го пронашла крадецот и го уапсила.

Општинскиот суд во Мостар оцени дека со казна затвор од десет месеци ќе се постигне целта на санкционирањето.

Статуата на Брус Ли беше поставена во централниот парк на Мостар во 2005 година на иницијатива на првиот човек на невладиното здружение „Урбано движење – Мостар“, сега пратеник Нина Распудиќ и Веселин Гатал.

Со поставувањето на статуата на филмската ѕвезда, тие се обидоа да го направат Мостар препознатлив во светот по други мотиви освен војна и уништување и да биде симбол на отпорот кон сите неправди.

Властите се обидуваат да ја поправат статуата и да ја постават на истото место во центарот на градот на пиедесталот каде сè уште стои Брус Ли.

- Реклама -