ВИДЕО I Елиф Елмас асистент во победата на Лајпциг во Купот на Германија


Елиф Елмас конечно доби минути во Лајпциг, влезе во финишот од мечот против Сент Паули во кој неговиот тим победи со 4-2, а македонскиот фудбалер беше асистент на последниот погодок.

Елмас во игра влезе во 76. минута, четири минути подоцна му додаде на Антонио Нуса кој по асистенцијата почна продор по кој погоди за конечни 4-2.

Претходно два гола за Лајпциг даде Полсен, еден Баумгартнер, погодоците за Сент Паули беа дело на Гулавоги и Смит.

- Реклама -