Денес заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, реализираше работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад. Во рамките на оваа посета, тој имаше средба со раководствата на тие организациони единици.
Оваа посета е дел од серијата инспекциски обиколки низ секторите за внатрешни работи во земјата, со цел да се соберат информации за постигнатите резултати, тековните работни активности и можните проблеми во работниот процес.
На состанокот беше потврдено дека Министерството за внатрешни работи и СВР Охрид преземаат сите неопходни мерки за обезбедување на безбедноста на туристите за време на туристичката сезона, така што посетителите да можат безгрижно да уживаат во својот одмор, како на областа на СВР Охрид, така и во сите делови на државата.
Дополнително, беше истакнато дека имаме зголемување на бројот на патници на граничните премини во рамките на Регионалниот центар – Запад.




