Откриена планета на која би можело да има течна вода и атмосфера

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од можноста да најдат живот надвор од Земјата. Неодамнешното откритие покажува дека потрагата наскоро може да вроди со плод. Меѓународен тим на научници ја идентификуваше егзопланетата LHS 1140 b како „сериозен“ кандидат за постоење на вонземски живот.Temperate exoplanet LHS 1140 b may be a world completely covered in ice (left) similar to Jupiter’s moon Europa or be an ice world with a liquid substellar ocean and a cloudy atmosphere… pic.twitter.com/HFtAo5pdkm
— Black Hole (@konstructivizm) July 9, 2024

Потребни се дополнителни набљудувања од Џејмс Веб, но атмосферата би можела да биде богата со азот, кој сочинува 78 отсто од атмосферата на Земјата.
„LHS 1140 b е една од најдобрите мали егзопланети во зоната погодна за живеење што може да поддржи густа атмосфера, а можеби штотуку најдовме докази за воздух на овој свет“, додава Мекдоналд.
Синхроната орбита на LHS 1140 b значи дека едната страна секогаш е свртена кон својата ѕвезда. Иако може да биде замрзната „снежна топка“, на таа загреана страна може да постои течна вода. Ако има атмосфера, може да има океан со дијаметар од околу 3.840 километри, со температура на површината од околу 20 °C.
Таа планета, со својата релативно тивка ѕвезда во споредба со системот TRAPPIST-1, нуди единствена можност да се проучува свет кој потенцијално би можел да поддржува живот. Научниците се оптимисти за понатамошното истражување и можноста за потврдување на условите за одржување на животот, објави „Дејли мејл“.

Извор