Лео ди Каприо го прослави роденденот, на забавата само одбрани имиња од холивудската елита

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден. Во оваа прилика тој одржа голема забава во својата приватна резиденција во Лос Анџелес, каде што го придружуваа само одбрани имиња од светската елита.На забавата дојде и колегата на Ди Каприо, Бред Пит, придружуван од неговата девојка Инес Де Рамон. Покрај него, меѓу гостите беа и режисерот Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт Капшо, како и актерот Роберт ДеНиро.Покрај сите нив, Ди Каприо беше придружуван од познати личности како Кејти Пери и Орландо Блум, Џејми Фокс, Парис Хилтон, Марк Руфало, Кара Делевињ, Крис Рок, Тоби Мегваер и Џос Стоун.На оваа роденденска забава присуствуваше и колешката на Ди Каприо од Титаник, Кејт Винслет. Заедно со неа, меѓу елитните гости беа и ММА борецот Чак Лидел, Бенисио Дел Торо и Едвард Нортон.Според пишувањата на медиумите, за роденденското момче пеел и легендарниот Стиви Вондер.Присутно беше и семејството на Леонардо. Неговиот татко Џорџ ди Каприо ја донел сопругата Пеги, додека мајката на Лео, Ирмелин, го донела нејзиниот сопруг Дејвид Вард. Големиот ден на актерот го засили и неговата 26-годишна девојка Виторија Серети, италијанска манекенка која беше поврзувана со Ди Каприо во последните неколку месеци.Текстот Лео ди Каприо го прослави роденденот, на забавата само одбрани имиња од холивудската елита е превземен од МАКФАКС.
Извор