Шпанскиот тренер на англискиот фудбалски гигант Арсенал, Микел Артета, треба да го продолжи договорот на три години со лондонскиот клуб и со тоа да стави крај на шпекулациите за неговата иднина, пишува во четвртокот британскиот печат.
Додека неговиот актуелен договор трае до крајот на оваа сезона, британските медиуми тврдат дека тој потпишал договор со лондонскиот клуб до 2027 година.
Артета, кој е на клупата на лондонските „Топчии“ од 2019 година, беше спокоен за својата иднина во август, велејќи дека е фокусиран на летниот преоден рок.
Со 42-годишниот Артета на кормилото, Арсенал заврши како второпласиран во последните две сезони и го освои ФА Купот во 2020 година.
Арсенал по трите кола е четвртопласиран во Премиер лигата и в недела игра во лондонското дерби против Тотенхем.