Ричи Рич од реалниот живот: Раководи со своја компанија, а има само 10-години

Џек Џоунс е извршен директор на „JR Jones Management Group“, компанија што купува и продава учебници и тетратки онлајн. Навидум, во тоа нема ништо чудно, но тој има само 10 години! Седиштето на компанијата е во неговиот дом во Кентаки, но сепак, Џек задолжително носи кошула и има своја канцеларија.

“Радоста на луѓето што учат е наша гордост“, вели младиот бизнисмен, алудирајќи и на останатите четворица вработени во неговата компанија. Една од нив е и 10-годишната Скајлер Сволс, вработена на позицијата маркетинг-директор, а понекогаш и во улога на секретарка.

„Да се работи за Џек е како да си поминал ден во Дизниленд“, вели таа.

Сега-засега, компанијата е сеуште во рамките на мал бизнис, но Џонс ја раководи како да е корпорација. Одвреме-навреме, одржува работни состаноци на кои вработените разговараат и решаваат за важни теми за компанијата, како и за нови точки и подточки од правилникот.

„Тајната на раководењето со успешен бизнис може да му светне секому, на било која возраст. Не дозволувајте другите луѓе да ви кажуваат што можете, а што не можете да направите“, вели младиот директор, додавајќи дека најмногу му пречи кога бизнис-клиентите не го сметаат за сериозен само затоа што има 10 години.

- Реклама -