Ако одите за празниците во Охрид, посетете го Велигденскиот саем

За прв пат во Охрид, денеска е отворен Велигденски саем,  во халата на јавното претпријатие „Градски пазар“ и ќе трае наредните три дена.

Тука можат да се видат и купат разни велигденски декорации, велигденски јајца, храна и цвеќиња.

Оваа празнична манифестација, како што најави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, во духот на христијанството, ќе има хуманитарен карактер.

– Овој Велигденски саем е претежно од хуманитарен карактер. Сакаме да дадеме свој придонес, да им помогнеме со донации на луѓето од социјално загрозените категории за време на велигденските празници. Со ова започнуваме една традиција која ќе биде присутна во Охрид за време на велигденските празници. Ние како Локална самоуправа заедно со јавното претпријатие „Градски пазар“ и Црвениот крст, оваа година ќе подготвиме 20-тина пакети за социјално најзагрозените семејства, истакна Бакрачески.

Погледнете дел од атмосферата, преку објективот на Ohridpress.

Veligdenski saem 3

Veligdenski saem 4

Veligdenski saem 1

Veligdenski saem 2

 

- Реклама -